Ракомет

Шундовски ја презема клупата на Еурофарм Пелистер до крајот на полусезоната!

Сподели
ФОТО: РК Еурофарм Пелистер
Сподели

Екипата на Еурофарм Пелистер, до крајот на полусезоната ќе биде предводена од директорот на клубот, Звонко Шундовски, по оставката на тренерот Рубен Гарабаја.

Шундовски досега повеќе пати преземал одговорност за тимот во критични моменти, и повторно се става на чело на екипата за да обезбеди стабилност и подготовка за следните предизвици додека клубот не именува нов тренер.

Денеска, битолчани гостуваат кај Струга, иако мечот ќе се игра во Битола, а во продолжение ги очекуваат уште три средби: домашен натпревар против вицепрвакот Вардар, гостување кај Охрид и полусезонско затворање со дуелот против Тиквеш.

Со Шундовски на клупата, Еурофарм Пелистер се надева на континуитет и мотивиран настап во завршницата на полусезоната, додека се бара нов стратешки лидер за клубот.

Сподели
Напишано од
Сања Секулоска -

Сања Секулоска е спортска новинарка во Спортска Мрежа. Секулоска по професија е магистер на економски науки, која започнува од хоби кон новинарството конкретно во ракометот. Секулоска го следи и европскиот ракомет.

Не пропуштајте

Прва женска фудбалска лигаФудбал

Ирена Велевачковска главна во Струмица, Здравко Костовски го доби дербито меѓу Скопје и Каменица Саса

Денес се играат натпреварите од 18. коло на Првата женска фудбалска лига, а познати се и судиите кои ќе делат правда. Веќе во...

Останато

Деветгодишниот Михаил Бошковски – шампион во кик бокс, признание и од Општина Кичево

Деветгодишниот Михаил Бошковски – шампион во кик бокс, признание и од Општина Кичев Младиот кикбоксер Михаил Бошковски доби признание од Општина Кичево за...

Поврзани написи
Ракомет

Моралес: „Во второто полувреме влеговме многу пофокусирано“

Дербито меѓу Охрид и Алкалоид во плеј-офот од Супер Лигата заврши без...

Ракомет

Алкалоид поднесе жалба: Скандалозно судење на натпреварот против ГРК Охрид

Алкалоид ремизираше со Охрид во „Билјанини Извори“, откако двете екипи одиграа 27:27...

Ракомет

Прилеп со силен финиш го „скрши“ Куманово, Цветаноски блесна со осум гола

Ракометарите на Прилеп стигнаа до нова победа во плеј-аут фазата од Суперлигата,...

Ракомет

Пилиповиќ: „Покажавме карактер и се вративме по тежок почеток“

Дербито меѓу Охрид и Алкалоид во плеј-офот од Супер Лигата заврши без...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!