ФудбалЧетврта лига

(ВИДЕО) Фантастична прослава во Злеово: Слога ја разбуди радовишката фудбалска приказна

Сподели
Сподели

По долги години пауза, фудбалот конечно се врати во радовишкото село Злеово. ФК Слога, единствениот активен клуб од Општина Радовиш што се натпреварува во општинската лига на Струмица, ја оживеа спортската сцена и повторно го раздвижи селото кое со нетрпение ги очекува секој нов натпревар.

Во општина Радовиш, покрај второлигашот ФК Детонит Плачковица, единствен клуб што активно настапува во сениорска конкуренција е токму ФК Слога од Злеово.

Слога зад себе има фантастична есенска полусезона. Тимот го заврши првиот дел од шампионатот на високо трето место, со учинок од 4 победи, едно реми и два порази, што им донесе вкупно 13 бодови. Нападот на Слога се покажа како најмоќен во целата лига – 22 постигнати гола, што го прави најофанзивен тим во конкуренцијата. Тимот од Злеово има само три бода помалку од есенскиот шампион Спартмани од Градско Балдовци, па во пролетниот дел ќе биде навистина „пеколно“.

Ефикасноста беше распоредена на многу фудбалери. Најдобри стрелци се Зоран Спасов и Рузгер Алемдар со по четири гола, зад нив со по три гола се Мите Стоименов и Стојанче Цветков. Свој белег остави и Садилов со два погодоци, додека по еден гол впишаа Кемал Усеинов, Оливер Цеков, Христијан Василев, Бојан Петров, Ване Ристов и Томе Рујков – што само ја покажува широчината и тимската игра на овој колектив.


Но статистиката е само дел од приказната. Во Злеово секој натпревар е вистински празник. Селото живее за фудбалот – од најмладите до највозрасните, сите излегуваат да ги бодрат момците кои со срце и пожртвуваност го бранат клубот. Враќањето на фудбалот повторно создаде заедништво, атмосфера и спортски дух какви што одамна недостасуваа.

Слога оваа есен покажа дека има потенцијал, страст и амбиција, а напролет со уште поголема поддршка од селото ќе ја продолжи борбата на врвот од табелата. Злеово конечно повторно живее фудбалски – и тоа се гледа, се чувствува и се слави.


Сподели

Не пропуштајте

Ракометна репрезентацијаРепрезентација

ВИДЕО: Одлична атмосферата од првиот тренинг на македонските ракометари во Швајцарија

Македонската ракометна репрезентација денес пристигна во Винтертур каде ќе ги има последните подготовки за Европското првенство со настапот на „Жолтиот куп“. Ракометарите на...

Европско првенство 2026Ракометна репрезентацијаРепрезентација

(ВИДЕО) Пешевски: Жолтиот куп е идеална проверка за да ги исправиме слабостите пред ЕП

Македонската репрезентација денеска пристигна во Винтертур каде нашата репрезентација ќе ги има последните подготовки пред учеството на Европското првенство, а ќе се соочиме...

Поврзани написи
Прва лигаФудбал

Вардар одби 350.000 евра за Мато – понуда од Шкотска!

Есенскиот шампион во Првата македонска фудбалска лига, екипата на Вардар, доби понуда...

Втора лигаФудбал

Победа е пред голем предизвик – ќе може ли прилепската фудбалска гордост до опстанок?

Фудбалскиот клуб Победа веќе со години се соочува со тешки предизвици и...

Втора лигаФудбал

Голманот Борче Картов заминува од Кожуф, кариерата ќе ја продолжи во нова средина!

Голманот Борче Картон зимава ќе менува средина, како што дознава Спортска Мрежа...

Прва лигаФудбал

Струга Трим Лум го промовираше голманот Васко Василев

Прволигашот Струга Трим Лум официјално го потврди ангажманот на новото засилување за...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!