Ракомет

Лазаров го објави поширокиот список – Македонија тргнува во европска битка!

Сподели
ФОТО: РФМ | АРХИВА
Сподели

Ракометна Македонија се подготвува за нов европски предизвик, откако селекторот Кирил Лазаров го официјализира проширениот список на ракометари за континенталниот собир во јануари, следната година.

На листата се најдоа вкупно 35 имиња, од кои само две доаѓаат од странство, додека остатокот го чинат играчи од домашната лига.

На интернационалната сцена сезонава најсилно се наметна голманот Мартин Томовски, кој во германскиот Битигхајм настапува во одлична форма. Компанија му прави и левиот бек Михајло Младеновиќ, дефанзивниот специјалист од францускиот Кретеј.

Останатиот дел од ростерот е составен од играчи кои настапуваат во македонски клубови.

  • Составот по позиции изгледа вака:

Голмани

Марко Кизиќ, Иван Галевски (двајцата Алкалоид), Никола Митревски и Васил Гогов, како и интернационалецот Томовски.

Леви крила 

Ојлески (Охрид), Атанасијевиќ (Еурофарм Пелистер), Џонов (Алкалоид), Стојановски (Вардар 1961) и Димитриоски (Прилеп).

Десни крила 

Никола и Ненад Костески, Петковски (Алкалоид) и Ќосевски (Вардар 1961).

Средни бекови 

Петмина организатори на играта: Ѓорѓиев, Марко и Дамјан Митев, Ивановски (сите Алкалоид) и Танкоски од Вардар.

Десни бекови 

Серафимов, Велковски (Алкалоид), Јагуриновски и Савревски (Охрид) и Николов (Бутел).

Леви бекови 

Кузмановски и Павле Атанасијевиќ од Еурофарм Пелистер, Ѓоргоски (Алкалоид) и интернационалецот Младеновиќ.

Кружни напаѓачи 

Пешевски и Ристевски од Пелистер, Лазаревски (Вардар 1961), како и Карасманакис и Стојковиќ од Алкалоид.

Дефанзивци

Никола Маркоски и Михаил Аларов (Алкалоид).

Македонија ќе ја започне европската приказна во групата Б, сместена во Хернинг. Противниците се домаќинот- Данска, Романија и Португалија.

Првите две селекции ќе обезбедат пласман во следната фаза, па нашата репрезентација ја очекува сериозен предизвик.

 

Сподели
Напишано од
Сања Секулоска -

Сања Секулоска е спортска новинарка во Спортска Мрежа. Секулоска по професија е магистер на економски науки, која започнува од хоби кон новинарството конкретно во ракометот. Секулоска го следи и европскиот ракомет.

Не пропуштајте

Турнири

ФОТО: Силна конкуренција на „Стојаково 2025“ – вечерва започнува фудбалската магија!

Овогодинешното издание на турнирот во мал фудбал „Стојаково 2025“ ќе биде неизвесно, со голема борба, силна конкуренција, како да се стигне до првото...

Ракомет

🔴 Во ЖИВО: Струга – Еурофарм Пелистер

Шампионот Еурофарм Пелистер како апсолутен фаворит ќе игра против Струга во меч од 15. коло на ракометната Суперлига. Следете го мечот во живо.

Поврзани написи
Ракомет

🔴 Во ЖИВО: Струга – Еурофарм Пелистер

Шампионот Еурофарм Пелистер како апсолутен фаворит ќе игра против Струга во меч...

Ракомет

🔴 Во ЖИВО: Вардар – Тиквеш

Непоразениот лидер Вардар против Тиквеш на домашен терен, меч од 15. коло...

Ракомет

🔴 Во ЖИВО: Охрид – Еурофарм Пелистер 2

Следете го натпреварот меѓу Охрид и Еурофарм Пелистер 2, натпревар од 15....

Ракомет

ТАБЕЛА: Младост непоразен лидер, Мулти Есенс втор, Кичево е со минус бодови!

По 12 одиграни кола во Првата ракометна лига екипата на Младост од...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!