Прва лигаФудбал

Убедливи триумфи на Вардар и Струга Трим Лум

Сподели
ФОТО: ФК Струга Трим Лум
Сподели

Вардар и Струга Трим Лум, запишаа нови високи победи и уште еднаш ја потврдија доминацијата во шампионатот.

  • Вардар моќен против Шкупи – хет-трик на Омерагиќ

Вардар на „домашен терен“ ја продолжи импресивната форма и со 6:1 го совлада тимот на Шкупи. Иако последнопласираниот состав од Чаир успеа да одолее до 36. минута, по првиот погодок на Закариќ работите тргнаа во сосема друг правец.

Само една минута подоцна, истиот играч зголеми на 2-0 по центаршут на Маневски. Во вториот дел следеше целосна доминација на избраниците на Седлоски: Талевски зголеми на 3-0, а Омерагиќ со три погодоци (57’, 79’, 84’) го реши натпреварот и го комплетираше хет-трикот.

Шкупи постигна почесен гол преку Станковски, по грешка на голманот Талески, но тоа не го спречи Вардар да стигне до најубедливата победа во колото.

  • Струга Трим Лум со шести погодок повеќе – серија од пет победи

Феноменална форма покажува и Струга Трим Лум, која со убедливи 6-0 го декласира Башкими и ја запиша петтата последователна победа. Тимот од Струга го реши натпреварот уште во првото полувреме преку Шабани, Малески и Јевтоски за 3-0 на паузата.

Во вториот дел следеше вистинска фудбалска демонстрација: Хамза погоди со прецизен слободен удар од над 20 метри, а Малески стигна до својот втор гол за високи 5-0. Во финишот Арби Воша ја запечати победата со шести погодок во 89. минута.

Струга во следното коло гостува кај Тиквеш, додека Башкими ќе има нов тежок предизвик против Шкендија.

Сподели

Не пропуштајте

ФудбалФутсал

Црна Река со висока гостинска победа, Кратово слави домашен триумф!

Екипата на Црна Река стигна до триумф над ССК на гостински терен, славејќи победа со резултат од 3:8, со што ланскиот прволигаш од...

ФудбалФутсал

Лидерот Проект во еден „потег“ го реши Мал Ајакс, Клими го „среди“ Балкан

Валандово вечерва гледаше прволигашки футсал откако Проект мечот со Мал Ајакс го одигра во салата „Филип Втори“, а кој меч непоразениот лидер од...

Поврзани написи
ФудбалФутсал

Црна Река со висока гостинска победа, Кратово слави домашен триумф!

Екипата на Црна Река стигна до триумф над ССК на гостински терен,...

ФудбалФутсал

Лидерот Проект во еден „потег“ го реши Мал Ајакс, Клими го „среди“ Балкан

Валандово вечерва гледаше прволигашки футсал откако Проект мечот со Мал Ајакс го...

Втора лигаФудбал

Листата на „отпишани“ второлигаши се зголеми!

Листата на „отпишани“ второлигаши од коло во коло се зголемува, покрај веќе...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!