Кошаркарска репрезентацијаРепрезентација

Андреј Јакимовски блесна во Даблин – Македонија ја совлада Ирска со 88:76

Сподели
ФОТО: КФМ
Сподели

Андреј Јакимовски уште еднаш покажа колку голем потенцијал носи во себе, блескајќи и на гостински терен во Националната Арена во Даблин.

Нашиот репрезентативец го заврши дуелот со Ирска со импресивни 26 поени, 5 скока и 4 асистенции, учинок кој силно придонесе за убедливата победа од 88:76.

„Ова е многу важна победа за нас. Мечот беше физички и тежок, знаевме дека играме на гости и дека судиите и публиката ќе бидат на страна на домаќинот. Но најбитно е што останавме тим до самиот крај. Нашата хемија беше клучна и се боревме сите 40 минути.

Имавме проблем со дефанзивниот скок, што нè доведе во непријатна ситуација на стартот, но со мали корекции успеавме да ја донесеме оваа многу важна победа. Си ја завршивме работата 99%, но нè очекуваат уште два меча во февруари.

Задоволен сум од начинот на кој одигравме, особено бидејќи бевме кратко време заедно и немавме целосни подготовки. Ги искористивме сите можности и земавме значајни бодови. Се надевам дека во февруари ќе бидеме комплетни. Ова е уште еден чекор кон главната цел – квалификациите за ЕП 2029“, истакна Јакимовски.

Сподели
Напишано од
Виолета Јанчева -

Виолета Јанчева е поранешна фудбалерка која настапувала за неколку екипи од Првата македонска женска фудбалска лига. Одлично го познава македонскиот фудбал, но генерално и македонскиот спорт.

Не пропуштајте

Останато

Лина Ѓорческа елиминирана во првото коло на ВТА 125 турнирот во Лисабон

Македонската тенисерка Лина Ѓорческа не успеа да ја мине првата пречка на ВТА 125 турнирот во португалскиот град Лисабон, откако во првото коло...

Прва лигаФудбал

Вардар е во најдобра форма во Првата лига, Шкендија не блеска во последните пет кола!

Трката за врвот во Првата лига се „разгорува“ иако Шкендија е на врвот, има само плус три бода од Струга Трим Лум и...

Поврзани написи
РепрезентацијаФудбалска репрезентација

Нов пораз за Македонија: Швајцарија убедлива со три гола во Луцерн

Фудбалската репрезентација на Македонија со пораз ги заврши натпреварите во овој циклус...

РепрезентацијаФудбалска репрезентација

СТАРТНИ СОСТАВИ: Алиоски се враќа, со Дориев и Елмас против Швајцарија!

Македонија вечерва во Луцерн ја очекува четвртиот натпревар во Лигата на нации,...

РепрезентацијаФудбалска репрезентација

Македонската репрезетнација до 18 години со победа над Црна Гора

Младата репрезентација на Македонија до 18 години забележа победа од 1:0 против...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!