Ракомет

Галевски го ,,украде” шоуто во Битола- Алкалоид со пресврт до реми!

Сподели
ФОТО: РК Алкалоид
Сподели

Екипата на Алкалоид покажа голема борбеност и упорност, извојувајќи реми (26-26) против актуелниот првак- Еурофарм Пелистер, во натпревар исполнет со возбудливи моменти до последната секунда, и тоа во ,,битолскиот пекол” во салата ,,Боро Чурлевски”.

Иако домаќините имаа предност од седум гола, во вториот дел, гостите не се предадоа. Клучниот момент беше кога голманот Иван Галевски блесна како вистински јунак- одбрани пенал на Радивојевиќ и спречи пораз на Алкалоид.

ФОТО: РК Алкалоид

Натпреварот започна рамноправно, гостите од Скопје имаа благо водство (6-7), но до паузата Пелистер успеа да се одлепи на 17-12, благодарение на одличните интервенции на Никола Митревски. Во продолжението, разликата достигна и 23-16, но Алкалоид не се предаде.

Преку ефективни акции на Митев и Стојковиќ, момците на Лазаров се вратија на минус од два гола и приредија вистинска завршна драма.

Во последните моменти, Лазаров повика тајм-аут при резултат 25-24, а Алкалоид со успешен напад израмни на 26-26 благодарение на Ѓорѓиев.

ФОТО: РК Алкалоид

Дури и последниот пенал на Пелистер не донесе победа, откако Галевски го прочита шутот на Радивојевиќ, што го направи неприкосновен херој на голот на Алкалоид.

Овој резултат ја потврди борбеноста на Алкалоид, кој и покрај предноста на првакот, покажа дека никогаш не смее да се отпише сè до последниот момент од мечот, па дури ни на ,,жежок” гостински терен.

Сподели
Напишано од
Сања Секулоска -

Сања Секулоска е спортска новинарка во Спортска Мрежа. Секулоска по професија е магистер на економски науки, која започнува од хоби кон новинарството конкретно во ракометот. Секулоска го следи и европскиот ракомет.

Не пропуштајте

ФудбалФутсал

Црна Река со висока гостинска победа, Кратово слави домашен триумф!

Екипата на Црна Река стигна до триумф над ССК на гостински терен, славејќи победа со резултат од 3:8, со што ланскиот прволигаш од...

ФудбалФутсал

Лидерот Проект во еден „потег“ го реши Мал Ајакс, Клими го „среди“ Балкан

Валандово вечерва гледаше прволигашки футсал откако Проект мечот со Мал Ајакс го одигра во салата „Филип Втори“, а кој меч непоразениот лидер од...

Поврзани написи
Ракомет

Младост се прошета во Свети Николе и ги собра бодовите, Драчево Јуниор и Вардар Неготино убедливи!

Лидерот Младост од Богданци останува непоразен во Првата ракометна лига, откако лесно...

Ракомет

Вардар ја освои Битола и е на чекор од шампионската титула

Вардар 1961 извојува огромна победа во дербито на македонскиот ракомет, откако на...

Ракомет

Кавадарчани убедливи – Тиквеш со сигурен триумф над Бутел Скопје

Екипата на Тиквеш стигна до сигурна победа над Бутел Скопје со резултат...

Ракомет

🔴 Во ЖИВО: Еурофарм Пелистер – Вардар

Следете го во ЖИВО големото ракометно дерби во Битола меѓу Еурофарм Пелистер...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!