Ракомет

ФОТО: „Расадник“ – домот на Вардар се претвора во модерен спортски дом со нов европски лик

Сподели
ФОТО: Бети Стаменкоска Трајкоска | facebook
Сподели

Спортската сала „Расадник“ во Кисела Вода влегува во завршната фаза од целосната реконструкција и постепено го добива својот нов, модерен изглед. Објектот, кој со години беше запоставен и симбол на нефункционална спортска инфраструктура, конечно се обновува и се подготвува да стане значајна точка на спортскиот живот во општината.

Градоначалничката на Општина Кисела Вода, Бети Стаменкоска Трајкоска заедно со министерот за спорт Борко Ристовски, направија детален увид во тековните градежни активности, при што беше потврдено дека работите напредуваат според планот. „Расадник“ повторно се издигнува како објект со силна спортска традиција и потенцијал да биде нов дом за бројни спортски колективи, меѓу кои и легендарниот Вардар.

ФОТО: Бети Стаменкоска Трајкоска | facebook

Градежните активности се при крај, а фасадата и внатрешниот изглед целосно се трансформираат. Завршувањето на реконструкцијата се очекува до крајот на декември годинава, додека партерното уредување ќе продолжи во текот на следната година.


„Како локална самоуправа, Општина Кисела Вода, тогаш предводена од мојот претходник Ѓорѓиевски, ја водеше целата постапка, од правната подготовка до изработката на проектот, со што беа обезбедени услови овој процес да започне и успешно да се реализира.

Задоволна сум од тоа што го видовме на терен и од степенот на досега извршените работи. Искрено сум му благодарна на министерот Ристовски за обезбедените средства од Министерството за спорт, затоа што токму ваквата силна институционална поддршка овозможува ’Расадник‘ конечно да се обнови и да го врати своето вистинско место во спортскиот живот на општината.

Голема благодарност упатувам и до Владата на Република Македонија и премиерот проф. д-р Христијан Мицкоски, чии заложби за унапредување на спортот и спортската инфраструктура се видливи токму преку вакви капитални проекти.

Тука навистина гледаме како се менува приказната, од објект кој со години пропаѓаше и претставуваше срамен пример за негрижа, ’Расадник‘ повторно ќе стане место каде што ќе се собираат граѓаните, ќе се слави спортот и ќе се раѓаат нови спортски имиња, како што беше случај и во минатото.

Оваа сала некогаш беше дом на спортскиот клуб ’Вардар‘ и искрено се надевам дека повторно ќе го добие тој статус, затоа што ’Расадник‘ не е само објект, туку и емоција, традиција и симбол за многу генерации од Кисела Вода.

Вредноста на реконструкцијата изнесува 120 милиони денари. Реконструкцијата на салата треба да заврши до крајот на декември годинава, додека партерното уредување ќе биде завршено во текот на следната година“, истакна Стаменкоска Трајкоска на својата официјална фејсбук страница.

ФОТО: Бети Стаменкоска Трајкоска | facebook


Сподели

Не пропуштајте

РепрезентацијаФудбалска репрезентација

Селекторот Иљами Исејни го објави списокот на фудбалери за двата контролни дуели со Кипар U16

Македонската фудбалска репрезентација до 16 години на 9 и 11 декември ќе одигра две контролни средби против своите врсници од Кипар. Двата меча...

ФудбалЧетврта лига

Андонов: Поддршката за фудбалот во Василево продолжува – следуваат нови инвестиции

Градоначалникот на општина Василево, Славе Андонов, оствари продуктивна средба со претседателот на Општинскиот фудбалски сојуз – Струмица, Илија Илиев – Рома, претставник на...

Поврзани написи
Ракомет

🔴 Во ЖИВО: Струга – Еурофарм Пелистер

Шампионот Еурофарм Пелистер како апсолутен фаворит ќе игра против Струга во меч...

Ракомет

🔴 Во ЖИВО: Вардар – Тиквеш

Непоразениот лидер Вардар против Тиквеш на домашен терен, меч од 15. коло...

Ракомет

🔴 Во ЖИВО: Охрид – Еурофарм Пелистер 2

Следете го натпреварот меѓу Охрид и Еурофарм Пелистер 2, натпревар од 15....

Ракомет

ТАБЕЛА: Младост непоразен лидер, Мулти Есенс втор, Кичево е со минус бодови!

По 12 одиграни кола во Првата ракометна лига екипата на Младост од...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!