Со победата над Радовиш екипата на Тинекс Пролет се враќа на победничките патеки, но пред тимот е тежок распоред и важни натпревари кои ќе мора да се добијат со цел да се фати приклучок за место во плеј-офот.
Тренерот Никола Матлиевски за Спортска Мрежа истакна дека пред нив е тежок распоред, следуваат мечевите со Прилеп, Куманово, Бутел и Еурофарм Пелистер 2, а тој се надева дека против Прилеп неговиот тим ќе влезе во победничка серија.
„За наредните предизвици што ни следат значи имаме еден исклучително тежок распоред до крај на полусезоната до 20 декември. Наш нареден натпревар е натпреварот со Прилеп каде што се надевам дека ќе успееме да влеземе во една победничка серија која што ќе ни даде мотив понатаму за да ги оствариме нашите цели за оваа сезона. Секако влегуваме од натпревар во натпревар верувам дека моите играчи се свесни за предизвикот кој што ни претстои и максимално се фокусирани за тоа што ни следи и мислам дека даваат се од се и на тренинзите и на видео анализите и на натпреварите за да успееме да победиме. Очигледен е нивен напредок во играта пред неколку тешки натпревари кои ги имавме претходно, мислам дека спремни ќе ги дочекаме натпреварите против Прилеп, Куманово, Бутел и Еурофарм Пелистер 2 и дека ќе ги оствариме нашите амбиции и амбиции на клубот“, дополни Матлиевски во изјавата за Спортска Мрежа.