Ракомет

Охрид сака историја – ќе падне ли конечно Вардар во „пеколот“ на „Билјанини Извори“?

Сподели
ФОТО: Спортска Мрежа
Сподели

Охрид вечерва од 19:30 часот го пречекува двократниот европски шампион Вардар во дерби кое може да донесе историја. Досега Охрид нема триумф во меѓусебните дуели со Вардар одиграни во последната деценија. Но, атмосферата денес е поинаква, а охриѓани веруваат дека конечно е дојден моментот за прв меѓусебен триумф.

  • Зошто Охрид верува дека може да го победи Вардар?

Пред сè, затоа што тимот под водство на стратегот Борис Ројевиќ игра најзрел ракомет во последната деценија. Во првиот нивен сезонски дуел во Скопје, Вардар успеа да слави само со 33–31, во меч во кој Охрид остави одличен впечаток, играше зрелo, агресивно и тактички дисциплинирано, а многумина веруваа дека заслужи барем бод. Во минатото Вардар доминираше во меѓусебните дуели кога ги решаваше натпреварите со голема разлика, но во последните неколку години не е баш така, Охрид е секогаш блиску да го сруши Вардар, а вечерва е најпогодниот момент да се случи тоа. Ќе падне ли конечно Вардар?

Формата на охриѓани дополнително ја храни амбицијата. Охрид е во серија од пет последователни победи, меѓу кои и големи успеси против директни конкуренти како Алкалоид. Тимот е во подем, игра динамично и сигурно, а домашниот терен повторно е претворен во вистинска тврдина, дополнително Охрид бележи големи успеси и на европската сцена, тоа е причина плус, а градот веќе живее за ракометот, кој е број еден спорт во градот покрај езерото.

Еден од главните столбови на Охридската ракометна Тврдина- Шпанецот, Ориол Реј Моралес, на македонски јазик го најави дуелот и истакна дека со поддршка од трибините, тимот има реални шанси за позитивен резултат.


„Вардар е многу тежок тим да се победи. Сега се во добра форма, но и ние имаме добра динамика и не сме истата екипа како пред два месеци. Имаме појасен систем и поголема верба. Ако навивачите дојдат да нè бодрат, имаме големи шанси да победиме“, вели Моралес пред дербито со Вардар.

  • Вардар под притисок од густ распоред

Иако „црвено-црните“ се во сопствен победнички ритам, ситуацијата е сложена. Вардар игра на два фронта – домашен шампионат и европски натпревари – што создава физички и психолошки товар. Тимот пред само неколку дена гостуваше во Хрватска кај Сесвете, а на 2 декември го очекува нов европски предизвик против Тулуз.


Ова неизбежно ќе влијае врз ротациите на тренерот Иван Чупиќ, кој мора да го балансира тимот за да задржи свежина и фокус.

  • Пеколна атмосфера во „Билјанини Извори“

Салата се очекува да биде исполнета до последното седиште, популарните „рибари“ најавуваат „пеколна“ атмосферата од трибините, Охрид е подготвен за спектакл, а Вардар доаѓа во еден од најжешките ракометни амбиенти во државата. Охриѓани веруваат дека вечерва е мигот за рушење на доминацијата на Вардар во меѓусебните дуели.

  • Ќе падне ли конечно Вардар? Или црвено-црната машина ќе издржи уште еднаш?

Одговорот ќе го даде дербито кое стартува во 19:30 часот, а кое го судат браќата Методија и Михајло Илиевски од Битола.


Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

ФудбалЧетврта лига

Андонов: Поддршката за фудбалот во Василево продолжува – следуваат нови инвестиции

Градоначалникот на општина Василево, Славе Андонов, оствари продуктивна средба со претседателот на Општинскиот фудбалски сојуз – Струмица, Илија Илиев – Рома, претставник на...

Турнири

ФОТО: Силна конкуренција на „Стојаково 2025“ – вечерва започнува фудбалската магија!

Овогодинешното издание на турнирот во мал фудбал „Стојаково 2025“ ќе биде неизвесно, со голема борба, силна конкуренција, како да се стигне до првото...

Поврзани написи
Ракомет

🔴 Во ЖИВО: Струга – Еурофарм Пелистер

Шампионот Еурофарм Пелистер како апсолутен фаворит ќе игра против Струга во меч...

Ракомет

🔴 Во ЖИВО: Вардар – Тиквеш

Непоразениот лидер Вардар против Тиквеш на домашен терен, меч од 15. коло...

Ракомет

🔴 Во ЖИВО: Охрид – Еурофарм Пелистер 2

Следете го натпреварот меѓу Охрид и Еурофарм Пелистер 2, натпревар од 15....

Ракомет

ТАБЕЛА: Младост непоразен лидер, Мулти Есенс втор, Кичево е со минус бодови!

По 12 одиграни кола во Првата ракометна лига екипата на Младост од...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!