Втора лигаФудбал

Бафто ќе им суди на Новаци и Шкендија Арачиново, Ристовски главен во Штип, Иванов во Охрид

Сподели
Сподели

Утре се играат натпреварите од вонредното 14. коло на Втората лига, кое е претпоследно есенско коло. Познати се судиите кои ќе ја делат правдата на сите натпревари, а мечот меѓу Тетекс и Кожуф е одложен за 3. декември.

Фатмир Бафто од Охрид ќе им суди на Новаци и Шкендија Арачиново, а негови помошници ќе бидат Марио Мојсоски и Јован Анѓелкоски од Струга, а четврт судија е Димитар Левески од Охрид.

Делегат на средбата е Тони Ефтимов од Струмица, а контролор е Јосип Бартон од Тетово.

Доне Ристовски од Гевгелија ќе им суди на Брегалница и Осогово на Градскиот стадион во Штип, а негови асистенти ќе бидат Иван Танев и Стефан Митров, а четврт судија ќе биде Јордан Јовановски, сите од Гевгелија.

Драган Иванов од Кратово е делегат, а Коле Василев од Скопје е контролор.


Александар Василевски од Скопје ќе им суди на Вардар Неготино и Победа, негови помошници ќе бидат Бесар Абдули и Мервин Топојани, а пак Дејан Младеновски ќе биде четврт, сите од Скопје.

Алајдин Асани од Градец е делегат, а Ѓорги Карајанов од Гевгелија е контролор.

Каменица Саса дома ќе игра со Беласица, а за правдата ќе биде задолжен Александар Урошевиќ, негови помошници ќе бидат Иран Абази и Идриз Идризи, а пак Бардхиљ Ибраими ќе биде четврт, сите од Тетово.

Ивица Тасевски од Велес е делегат, а контролор е Сашко Ангелов од Кочани.


Преспа на домашен терен ќе се соочи со Слога од Виница, а за правдата ќе бидат задолжени судии од Битола.

Дени Лековски е главен, Петар Степановски и Јовче Кокевски помошници, а пак Благојче Ралевски е четврт судија.

Игор Иванов од Велес ќе го суди дербито меѓу Охрид и Детонит Плачковица, прв асистент ќе биде Роберт Црвенов од Велес, а пак втор помошник е Давор Дишлиевски од Кавадарци, а пак четврт судија е Боби Величков од Велес.

Жанко Савов од Скопје е делегат, а пак Крсте Даниловски од Скопје е контролор.

Скопје на домашен терен како фаворит ќе игра против Големо Коњари, а правда ќе дели Дарко Котевски од Битола, прв помошник ќе биде Николче Николоски од Ресен, втор помошник Зоран Ангелов од Неготино, а пак четврт судија ќе биде Дарко Стојчевски од Скопје.

Христијан Димоски од Охрид ќе биде делегат, а контролор на средбата ќе биде Сашо Иванов од Штип.

Сите натпревари од 14. коло на Втората лига стартуваат во 13 часот.


Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Прва лигаФудбал

Арсими продолжува со проверениот стручен штаб: Вилдан Салиу останува на кормилото и во новата сезона

Прволигашот Арсими од Чегране ќе ја задржи стабилноста во стручниот штаб и во новата натпреварувачка сезона. Раководството на клубот одлучи повторно да му...

Прва лигаФудбал

Нов бисер од Работнички пристигна во Кратово: Силекс го ангажира Никола Манојлов

Освојувачот на Купот на Македонија, Силекс, продолжува со засилувањата во пресрет на новата натпреварувачка сезона, а најново име во редовите на кратовци е...

Поврзани написи
Прва лигаФудбал

Арсими продолжува со проверениот стручен штаб: Вилдан Салиу останува на кормилото и во новата сезона

Прволигашот Арсими од Чегране ќе ја задржи стабилноста во стручниот штаб и...

Прва лигаФудбал

Нов бисер од Работнички пристигна во Кратово: Силекс го ангажира Никола Манојлов

Освојувачот на Купот на Македонија, Силекс, продолжува со засилувањата во пресрет на...

Прва лигаФудбал

Бразилско засилување за дебитантот Шкендија Арачиново

Новиот прволигаш Шкендија Арачиново продолжува со интензивното засилување на играчкиот кадар во...

Втора лигаФудбал

Ќе следуваат нови тренерски промени во Втора лига!?

Пред стартот на летните подготовки неколку второлигаши направија промени на тренерската позиција,...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!