Трета лигаФудбал

Стојсавлевиќ ќе им суди на Влазними Јуниор и Бучин, Ристов на Ултрас и Превалец

Сподели
Сподели

Делегирани судиите за утрешните натпревари од 11. коло на Трета лига – Југ.

Николче Димовски ќе дели правда на мечот меѓу Росоман и Млекар, е негови помошници ќе бидат Андреј Ќамилов и Мирко Најдов.

Влазними Јуниор дома ќе се соочи со Бучин, а ќе им суди Душко Стојсавлевиќ, а негови асистенти ќе бидат Иле Мишески и Кире Кулески.

Тополка ќе бара позитивен резултат против Младост од Кривогаштани, а делител на правдата ќе биде Ангел Гелов, а пак помошници ќе бидат Ване Дупкаров и Александар Трајков.

Атанас Таневски ќе биде задолжен за правдата на натпреварот меѓу Венец и Питу Гули, а помошници на овој меч кој се игра во Долни Дисан ќе бидат Душко Панов и Тони Гурев.


Ангелчо Ристов ќе им суди на Ултрас и Превалец, а Зоран Ангелов и Ване Данилов ќе бидат асистенти.

Башкими од Јаболчиште ќе оди на мегдан со Дреново, а за правдаа ќе биде задолжен Дарко Макалоски со асистентите Филип Боцески и Михаил Јакопетревски.

Сите натпревари ќе започнат во 13 часот.


Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Останато

Ева Митевска испиша историја во Дакар, осмо место во финалето на 100 метри!

Македонската атлетичарка Ева Митевска забележа значаен успех на Младинските олимписки игри во Дакар, Сенегал, откако обезбеди место во финалето на трката на 100...

Останати репрезентацииРепрезентација

Четири борби, четири победи – Душица Бресалиева го освои златниот медал на Грција Опен Е1 2026

Македонската репрезентативка во таеквондо, Душица Бресалиева од ТК Штип, оствари извонреден успех на меѓународниот турнир „Грција Опен Е1 2026“, освојувајќи го златниот медал...

Поврзани написи
ИнтернационалциФудбал

Елмас стартер во првата гостинска победа на Аталанта пред дуелот со Шкотска

Елиф Елмас се врати во почетниот состав на Аталанта во Серија А,...

ФудбалФутсал

Две непоразени екипи во Втората футсал лига, две екипи без бодови

По четири одиграни кола во Втората футсал, две екипи немаат пораз, а...

Втора лигаФудбал

АНАЛИЗА: Охрид има најдобар напад, Пелистер најцврста одбрана, а Работнички го притиска врвот

Детална анализа на Втората македонска фудбалска лига по 11. коло Охрид Лихнидос...

ФудбалЧетврта лига

ВИДЕО: Горски преку Китановски и Колашинац до три бода, домашни победи за Младост и Раштани Спорт

Три домашни и една гостинска победа донесе 6. коло на Општинската фудбалска...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!