Охрид ја запиша победата над Струга со 29-23 во 13. коло, во дуел во кој од самиот почеток ја држеше контролата. Брзото водство и стабилната одбрана им овозможија на охриѓани да останат чекор напред, и покрај моментите со пад на концентрацијата.
Ракометарот на Охрид- Иван Тасески, кој реализираше 3/3 шута, по натпреварот, во изјава за Спортска Мрежа, оцени дека тимот добро го почнал мечот, но и дека имало делови кои може да се подобрат.
„Добро го отворивме натпреварот, имавме доста осцилации во играта во текот на целиот меч, но најважно е што бодовите останаа кај нас. Сега нè очекува мечот од европскиот Куп, викендов патуваме во Градишка- да го одиграме реваншот. Се надевам дека ќе се вратиме со победа и ќе почнеме да се подготвуваме и за следните предизвици.“- изјави Тасески.
Охрид, викендов гостува во Градишка на реваншот со Слога Добој, каде ќе се обиде да го потврди европскиот билет за следната фаза.