Искусниот црногорски ракометен стратег Зоран Кастратовиќ започнува ново поглавје во својата богата кариера, откако официјално беше именуван за селектор на машката репрезентација на Јордан. Тој веќе пристигна во главниот град Аман, каде ги финализираше сите договорени обврски и започна со организација на работата во пресрет на првите репрезентативни предизвици.
59 годишниот стратег зад себе носи огромно меѓународно искуство, стекнато и на клупско и на селекторско ниво. Во Македонија остави силен печат преку своите ангажмани во Пролет, Металург и Вардар, клубови со кои работеше во различни периоди и постигна значајни резултати.
Неговото богато резиме вклучува и ангажмани во Беране, Сутјеска, Будуќност, Ел Џаиш, Ал Мудар и Ал Кадсија, што дополнително ја потврдува неговата репутација како тренер со широко меѓународно искуство. Беше и селектор на машката репрезентација на Црна Гора, а и исто така работеше и со националните тимови на Саудиска Арабија и Иран.
Беше селектор и на македонската женска ракометна репрезентација на Македонија.