Ракомет

Ново поглавје во кариерата за младиот ракометар Ѓеорѓи Соколов, кој продолжува во Германија!

Сподели
Сподели

Радовиш повторно испраќа талент на европската ракометна мапа. Младиот и перспективен десен бек Ѓеорѓи Соколов, кој минатата сезона настапуваше за РК Радовиш, од оваа година го продолжува својот развој во Германија, потпишувајќи за клубот TV Bissendorf-Holte.

Само 18 години, а веќе дел од една од најсилните младински ракометни лиги во Европа – Juniorske Bundesliga (JBLH U19). Таму Соколов ќе настапува во текот на сезоната, а од клубот најавуваат дека ќе добие шанса да заигра и за сениорскиот тим во германската Трета лига, што ќе му донесе огромно искуство и напредок.

Во РК Радовиш, Соколов важеше за голем талент кој максимално ја користеше довербата од стручниот штаб и постојано покажуваше дека поседува сериозна ракометна интелигенција и силен шут. Младиот радовишанец не крие дека се надева и на повик во младинската репрезентација на Македонија, каде верува дека може да даде голем придонес.

Соколов е во редовите на TV Bissendorf-Holte од крајот на септември, каде тренира и со првиот тим и со јуниорската екипа, а веќе ги забележа и своите први настапи во новата средина. Пред него е сезонa исполнета со предизвици, но и со огромна шанса за развој.


Сподели
Напишано од
Виолета Јанчева -

Виолета Јанчева е поранешна фудбалерка која настапувала за неколку екипи од Првата македонска женска фудбалска лига. Одлично го познава македонскиот фудбал, но генерално и македонскиот спорт.

Не пропуштајте

Турнири

ФОТО: Силна конкуренција на „Стојаково 2025“ – вечерва започнува фудбалската магија!

Овогодинешното издание на турнирот во мал фудбал „Стојаково 2025“ ќе биде неизвесно, со голема борба, силна конкуренција, како да се стигне до првото...

Ракомет

🔴 Во ЖИВО: Струга – Еурофарм Пелистер

Шампионот Еурофарм Пелистер како апсолутен фаворит ќе игра против Струга во меч од 15. коло на ракометната Суперлига. Следете го мечот во живо.

Поврзани написи
Ракомет

🔴 Во ЖИВО: Струга – Еурофарм Пелистер

Шампионот Еурофарм Пелистер како апсолутен фаворит ќе игра против Струга во меч...

Ракомет

🔴 Во ЖИВО: Вардар – Тиквеш

Непоразениот лидер Вардар против Тиквеш на домашен терен, меч од 15. коло...

Ракомет

🔴 Во ЖИВО: Охрид – Еурофарм Пелистер 2

Следете го натпреварот меѓу Охрид и Еурофарм Пелистер 2, натпревар од 15....

Ракомет

ТАБЕЛА: Младост непоразен лидер, Мулти Есенс втор, Кичево е со минус бодови!

По 12 одиграни кола во Првата ракометна лига екипата на Младост од...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!