Кошаркарска репрезентацијаРепрезентација

Ашаданов: Овие девојки ќе бидат идоли на помладите девојчиња кои треба да бидат идни репрезентативки

Сподели
ФОТО: Кошаркарска федерација на Македонија
Сподели

Селекторот Александар Ашаданов не ја криеше радоста и задоволството после минималната, но голема победа над Данска од 79:78 во Скопје.

Ашаданов, вели дека девојките покажале како се бори и се гине за националниот дрес, а притоа истакна дека девојките ќе бидат мотивирани да дадат се од себе и за дуелот со Грција.

„Најпрво, честитки за прикажаното денес до мојот тим. Нешто што е најдобро и најубаво за мене е што овие девојки ќе бидат идоли на помладите девојчиња кои тренираат и треба да бидат идни репрезентативки, затоа што покажаа како се бори и како се гине за дресот со државниот грб на терен.

„За следниот меч, Грција е фаворит број еден во групата и игра на евро-шампионатите по ред. Сакам да добиеме поддршка од публиката, а овие девојки сигурно ќе бидат мотивирани и ќе дадат се од себе и на тој дуел“- дополни Ашаданов на прес-конференцијата по мечот со Данска.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Ракомет

Ракометен празник во Богданци: Легендарната „Млаз“ ќе ги пречека младите ракометни надежи на турнирот У13!

Богданци повторно ќе биде во центарот на ракометните случувања, овојпат со најмладите ракометари. Во недела, 8 ноември, спортската сала „Млаз“, која има голема...

Останато

Македонска Каменица ќе биде домаќин на историско шаховско првенство – најдобрите млади шахисти ќе се борат за државните титули!

Македонска Каменица на 22 ноември ќе биде центар на младинскиот шах во Македонија. За првпат ќе се одржи Државното првенство во забрзан шах...

Поврзани написи
Ракометна репрезентацијаРепрезентација

Македонија веќе има два бода, а Грција вечерва го игра првиот меч против Шведска

Македонија веќе ја заврши првата задача во квалификациите со победата од 41:23...

РепрезентацијаФудбалска репрезентација

Таневски повика 24 фудбалери за контролниот дуел со Србија

Младата фудбалска репрезентација на Македонија до 21 година на 12 ноември ќе...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!