Охрид повторно ќе живее во знакот на европскиот ракомет! На 16 ноември, со почеток од 18:00 часот, во СРЦ „Билјанини Извори“ ќе се одигра натпреварот меѓу Охрид и босанскиот тим на Слога Добој во рамки на ЕХФ Европскиот куп.
Навивачите веќе можат да обезбедат место на трибините – билетите се пуштени во продажба по цена од 250 денари.

Продажбата онлајн се одвива преку платформата mktickets, а клубот дополнително ќе објави информации кога билетите ќе бидат достапни и на билетарницата во спортската сала.
Сите кои сакаат да бидат дел од европската приказна на охриѓани ќе имаат можност да уживаат во вистински ракометен спектакл пред својата публика.