РепрезентацијаФудбалФудбалска репрезентација

Милевски го објави списокот – Македонија со два натпревари во ноември, без Алиоски, со неколку повратници

Сподели
ФОТО: ФФМ
Сподели

А репрезентацијата на Македонија во ноември ќе одигра два натпревари – контролен меч против Летонија и последниот квалификациски дуел за Светското првенство 2026.

На 13 ноември, избраниците на селекторот Благоја Милевски ќе истрчаат на домашен терен против Летонија во пријателски натпревар, а пет дена подоцна, на 18 ноември, ќе гостуваат во Кардиф против Велс, во меч кој може да биде клучен за пласманот на Мундијалот.

Милевски денес го објави списокот на повикани фудбалери, на кој нема поголеми изненадувања. Од комбинација отпадна Езѓан Алиоски, кој се уште се опоравува од повреда, додека Бојан Димоски, Лирим Ќамили и Кристијан Трапановски се враќаат во националниот состав по подолга пауза.

Во поширокиот список се наоѓаат 28 фудбалери, меѓу кои неколку нови имиња од домашниот шампионат и од странство:

Голмани:
Столе Димитриевски (Валенсија, Шпанија), Дејан Илиев (УТА Арад, Романија), Дамјан Шишковски (Борац Бања Лука, БиХ), Игор Алексовски (Фљамуртари, Албанија)

Одбрана:
Висар Муслиу (Сент Тројден, Белгија), Никола Серафимов (Левски Софија, Бугарија), Ѓоко Зајков (Ајман, ОАЕ), Бојан Димоски (ТСЦ Бачка Топола, Србија), Андреј Стојчевски (Словачко, Чешка), Дарко Велковски (Зрињски, БиХ), Стефан Деспотовски (ОФК Београд, Србија), Бојан Илиевски (Струга Трим Лум), Стефан Ашковски (Раднички Ниш, Србија)

Среден ред:
Енис Барди (Коњаспор, Турција), Јани Атанасов (Лариса, Грција), Елиф Елмас (Наполи, Италија), Исник Алими (Далиан Јингбо, Кина), Лука Станковски (Раднички Крагуевац, Србија), Тихомир Костадинов (Сигма Оломуц, Чешка), Решат Рамадани (Шкендија), Давид Бабунски (Вардар)

Напад:
Бојан Миовски (Глазгов Ренџерс, Шкотска), Милан Ристовски (Бохемианс 1905, Чешка), Дарко Чурлинов (Кочаелиспор, Турција), Александар Трајковски, Елмин Растодер (Тун, Швајцарија), Кристијан Трапановски (Данди Јунајтед, Шкотска), Лирим Ќамили (Сондерјиске, Данска)

Собирот на репрезентацијата е закажан за 10 ноември во Скопје, каде ќе започнат и подготовките за последниот дел од оваа квалификациска кампања.

На табелата во квалификациите за СП 2026, Македонија се наоѓа на второто место со 13 бодови, еден помалку од лидерот Белгија. Велс е трет со 10 бодови и натпревар помалку, што го прави дуелот во Кардиф од исклучително значење.

Сподели
Напишано од
Виолета Јанчева -

Виолета Јанчева е поранешна фудбалерка која настапувала за неколку екипи од Првата македонска женска фудбалска лига. Одлично го познава македонскиот фудбал, но генерално и македонскиот спорт.

Не пропуштајте

Кошарка

МЗТ три од три дома, Работнички три од три на гости пред вечното дерби

МЗТ Скопје Аеродром и Работнички влегуваат во дербито од седмото коло со по една серија што ќе биде прекината. Шампионот ги доби сите...

ФудбалФутсал

Две непоразени екипи во Втората футсал лига, две екипи без бодови

По четири одиграни кола во Втората футсал, две екипи немаат пораз, а две екипи немаат бодови. Каршиака и Црна Река не знаат за...

Поврзани написи
ФудбалФутсал

Две непоразени екипи во Втората футсал лига, две екипи без бодови

По четири одиграни кола во Втората футсал, две екипи немаат пораз, а...

Втора лигаФудбал

АНАЛИЗА: Охрид има најдобар напад, Пелистер најцврста одбрана, а Работнички го притиска врвот

Детална анализа на Втората македонска фудбалска лига по 11. коло Охрид Лихнидос...

ФудбалЧетврта лига

ВИДЕО: Горски преку Китановски и Колашинац до три бода, домашни победи за Младост и Раштани Спорт

Три домашни и една гостинска победа донесе 6. коло на Општинската фудбалска...

ФудбалФутсал

(ФОТО) Ниту „Д“ од дерби во Кавадарци: Црна Река го декласираше Балкан со 14 гола!

Наместо дерби во „Јасмин“ тотална доминација на Црна Река, откако со 14:4...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!