Одбојкарска репрезентацијаРепрезентација

ЕвроВолеј 2026: Македонија во група со Бугарија, Полска, Украина, Португалија и Израел

Сподели
ФОТО: ОФМ
Сподели

Машката одбојкарска репрезентација на Македонија и домаќинот Бугарија на 9 септември, со почеток во 19 часот, во Софија ќе го отворат Европското првенство 2026, во рамките на групата А. Европската одбојкарска конфедерација го објави комплетниот распоред за претстојниот континентален собир.

Според распоредот, Македонија ќе биде слободна на 10 септември, а во второто коло, на 11 септември (16:00 ч.), ќе се соочи со Украина. Потоа следува уште еден ден пауза, пред дуелот од третото коло против Полска, кој ќе се игра на 13 септември во 19:00 ч.

На 14 септември нашите одбојкари повторно ќе имаат ден за одмор, а потоа на 15 септември (16:00 ч.) ќе се сретнат со Португалија. Групната фаза Македонија ќе ја заокружи на 16 септември, во ист термин, против Израел.

Најдобрите четири екипи од секоја група ќе обезбедат пласман во осминафиналето на Европското првенство.

Ова ќе биде четврто последователно учество на машката сениорска репрезентација на Македонија на еден континентален шампионат.

ЕвроВолеј 2026 ќе се одржи од 9 до 26 септември 2026 година, а организатори се Италија, Бугарија, Финска и Романија.

  • Македонија – Бугарија – 09.09.2026
  • Македонија – Украина – 11.09.2026
  • Македонија- Полска – 13.09.2026
  • Македонија – Португалија – 15.09.2026
  • Македонија – Израел – 16.09.2026

Сподели
Напишано од
Виолета Јанчева -

Виолета Јанчева е поранешна фудбалерка која настапувала за неколку екипи од Првата македонска женска фудбалска лига. Одлично го познава македонскиот фудбал, но генерално и македонскиот спорт.

Не пропуштајте

Кошарка

МЗТ три од три дома, Работнички три од три на гости пред вечното дерби

МЗТ Скопје Аеродром и Работнички влегуваат во дербито од седмото коло со по една серија што ќе биде прекината. Шампионот ги доби сите...

ФудбалФутсал

Две непоразени екипи во Втората футсал лига, две екипи без бодови

По четири одиграни кола во Втората футсал, две екипи немаат пораз, а две екипи немаат бодови. Каршиака и Црна Река не знаат за...

Поврзани написи
Ракометна репрезентацијаРепрезентација

РФМ со официјален приговор до ЕХФ: На телевизискиот пренос стоеше NMKD!

Ракометната федерација на Македонија преку соопштение информираше дека ќе поднесе официјален приговор...

Ракометна репрезентацијаРепрезентација

Македонија загуби од Грција во Халкида!

Македонската машка ракометна репрезентација го претрпе првиот пораз во квалификациите за Европското...

Ракометна репрезентацијаРепрезентација

Македонија има позитивна историја со Грција – денеска нова битка во Халкида!

По убедливиот триумф над Луксембург на отворањето на квалификациите за ЕП 2028,...

Останати репрезентацииРепрезентација

Пет круга до целта: Далија Стојановска со 46. место на европското деби во велокрос

Далија Стојановска ги извози сите пет круга на јуниорската трка на Европското...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!