Прва женска фудбалска лигаФудбал

ТАБЕЛА: Љуботен е на врвот, ама Скопје „диши во врат“ – Речица сака да избега од опасната зона!

Сподели
ФОТО: Спортска Мрежа
Сподели

По 11 одиграни кола во Првата женска фудбалска лига во врвот промени нема. Љуботен успеа да триумфира во финишот над Каменица Саса благодарение на голот на Александра Марковска и така да ги собере трите бодови со цел да го сочува првото место. Шампионот на контото има 31 бод, еден повеќе од Скопје кој е втор и кој „диши во врат“. На третата позиција е екипата на Тиверија Брера од Струмица со 24 бодови.

Во долниот дел од табелата екипата на Речица се обидува да направи бодовна разлика и да се одлепи од последните две позиции со цел да има мирна завршница кога е во прашање опстанокот. Тимот на Речица е на седмата позиција со седум бодови, а пак дебитантот Вардар е на осмото место со пет бодови.

На претпоследното место или во бараж зоната е Топ Гол од Битола, а овој тим има четири бодови, колку што има и повратникот Кочани, кој е на дното од табелата.

Поз. Клуб ОН Поб Н Пор ПОС ПРИ ГР БОД
1 ЖФК ЉУБОТЕН 11 10 1 0 49 5 +44 31
2 ЖФК СКОПЈЕ 2014 11 10 0 1 35 5 +30 30
3 ЖФК ТИВЕРИЈА БРЕРА АД 11 8 0 3 23 15 +8 24
4 ФК АСС УНИТЕД/ЖФК 11 6 2 3 25 15 +10 20
5 ЖФК КАМЕНИЦА САСА 11 6 0 5 33 12 +21 18
6 ЖФК СЦ ИСТАТОВ 2015 Скопје 11 5 2 4 31 16 +15 17
7 ЖФК РЕЧИЦА 11 2 1 8 18 39 -21 7
8 ЖФК Вардар 2023 11 1 2 8 5 52 -47 5
9 ФК ТОП ГОЛ/ЖФК 11 1 1 9 7 23 -16 4
10 ЖФК КОЧАНИ 11 1 1 9 7 51 -44 4

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Кошарка

МЗТ три од три дома, Работнички три од три на гости пред вечното дерби

МЗТ Скопје Аеродром и Работнички влегуваат во дербито од седмото коло со по една серија што ќе биде прекината. Шампионот ги доби сите...

ФудбалФутсал

Две непоразени екипи во Втората футсал лига, две екипи без бодови

По четири одиграни кола во Втората футсал, две екипи немаат пораз, а две екипи немаат бодови. Каршиака и Црна Река не знаат за...

Поврзани написи
ФудбалФутсал

Две непоразени екипи во Втората футсал лига, две екипи без бодови

По четири одиграни кола во Втората футсал, две екипи немаат пораз, а...

Втора лигаФудбал

АНАЛИЗА: Охрид има најдобар напад, Пелистер најцврста одбрана, а Работнички го притиска врвот

Детална анализа на Втората македонска фудбалска лига по 11. коло Охрид Лихнидос...

ФудбалЧетврта лига

ВИДЕО: Горски преку Китановски и Колашинац до три бода, домашни победи за Младост и Раштани Спорт

Три домашни и една гостинска победа донесе 6. коло на Општинската фудбалска...

ФудбалФутсал

(ФОТО) Ниту „Д“ од дерби во Кавадарци: Црна Река го декласираше Балкан со 14 гола!

Наместо дерби во „Јасмин“ тотална доминација на Црна Река, откако со 14:4...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!