ФудбалЧетврта лига

ВИДЕО: Крстевски со фантастичен гол за Крошу Спорт во дербито со Баир Спорт

Сподели
Сподели

Екипата на Крошу Спорт од Битола забележа домашен триумф над Баир Спорт од 2:1, во меч од 7. коло на Супер А1 лигата во Битола или Четврта по ранг лига.

Натпреварот го одбележаа двата гола на Александар Крстевски постигнати во вториот дел за комплетен пресврт и триумф на Крошу Спорт, откако на полувреме Баир Спорт имаше предност од 0:1 со голот на Петар Соклевски.

Домашниот тим одигра одличен меч со одлично проигрување и атрактивен гол на Крстевски.

Ова беше дерби меѓу лидерот Баир Спорт кој го доживеа првиот пораз и Крошу Спорт кој е втор со 15 бодови, а пак лидерот има три бодови повеќе односно 18.

Во следното коло екипата на Крошу Спорт на домашен терен ќе се соочи со тимот на Црна Река од Долна Чарлија, а домаќинот ќе биде голем фаворит за нов триумф и нови три бодови.

 

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Кошарка

МЗТ три од три дома, Работнички три од три на гости пред вечното дерби

МЗТ Скопје Аеродром и Работнички влегуваат во дербито од седмото коло со по една серија што ќе биде прекината. Шампионот ги доби сите...

ФудбалФутсал

Две непоразени екипи во Втората футсал лига, две екипи без бодови

По четири одиграни кола во Втората футсал, две екипи немаат пораз, а две екипи немаат бодови. Каршиака и Црна Река не знаат за...

Поврзани написи
ФудбалФутсал

Две непоразени екипи во Втората футсал лига, две екипи без бодови

По четири одиграни кола во Втората футсал, две екипи немаат пораз, а...

Втора лигаФудбал

АНАЛИЗА: Охрид има најдобар напад, Пелистер најцврста одбрана, а Работнички го притиска врвот

Детална анализа на Втората македонска фудбалска лига по 11. коло Охрид Лихнидос...

ФудбалЧетврта лига

ВИДЕО: Горски преку Китановски и Колашинац до три бода, домашни победи за Младост и Раштани Спорт

Три домашни и една гостинска победа донесе 6. коло на Општинската фудбалска...

ФудбалФутсал

(ФОТО) Ниту „Д“ од дерби во Кавадарци: Црна Река го декласираше Балкан со 14 гола!

Наместо дерби во „Јасмин“ тотална доминација на Црна Река, откако со 14:4...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!