Втора лигаФудбал

Слога Виница и Преспа во длабоки резултатски кризи – ќе има ли конечно победа?

Сподели
ФОТО: Спортска Мрежа | Иван Настевски и Тони Мирчевски во дресот на Слога Виница
Сподели

Екипата на Слога Виница дефинитивно не ја започна сезоната според планот – повратникот во Втората лига е на самото дно од табелата со три освоени бодови, а тимот на Емил Грнев има седум пораз и еден триумф од второто коло.

Серијата на порази за тимот од Виница е голема, дури шест последователни порази, па според формата од последните пет натпревари, екипата на Слога нема освоено бод, а од можни 15.

Ако се погледне тимот кој го има Слога, тогаш дефинитивно е разочарување бидејќи по квалитет Слога и не е така лоша.

Иван Настевски – популарниот Меси, Тони Мирчевски, Марко Софијаноски, Сухејб Рушити, Никола Талески, Тони Мирчевски, младите Александар Илиев, Октај Амедов, Михаил Воинов, Андреј Воинов, тука се и Љупчо Христовски, Христијан Кукески, Виктор Крстевски, голманот Антонио Столески…. само дел од играчите кои се во Слога Виница, но поразите се нижат како на брза лента.

Слободниот викенд поради локалните избори за Слога Виница ќе биде добредојден да се консолидира тимот и да изнајде начин како до триумф и тоа само втор во тековната сезона, бидејќи од коло во коло борбата за директен опстанок ќе станува се потешка мисија.

Преспа од Ресен е во иста ситуација, тимот е со идентична форма како и тимот од Виница, со еден триумф и седум порази и со пет порази од последните пет натпревари.

ФОТО: Кожуф – Преспа

Дефинитивно и кај тимот од Ресен ќе треба да се размислува како ќе се продолжува и како ќе се бараат бодови со цел Преспа да биде конкурентна на патот кон опстанок во Втората лига.

Дефинитивно влијание врз ваквите резултати има и тоа што Преспа покасно започна со подготовките бидејќи „до 5 до 12“ не се знаеше дали ќе игра во Втора лига по откажувањето на Беса од понатамошно натпреварување.

Битката за секој бод станува многу важна, последните пет екипи од 16-тото до 12-тото место ќе ги спакуваат куферите и ќе се преселат во Трета лига, а пак екипите позиционирани на 11-тото, 10-тото и деветтото место ќе играат бараж за можен опстанок.

Сподели

Не пропуштајте

Ракомет

Дресот на Дибиров доби место во историјата на Скопје – Вардар со посебен подарок за Музејот!

Во пресрет на 13 Ноември, Денот на ослободувањето на Скопје, ракометарите на Вардар 1961 реализираа посета со посебно значење, оддавајќи почит на историјата...

Ракомет

Пелистер пред европскиот испит на сезоната: Битола се мобилизира за Гумерсбах!

Европската сезона на Еурофарм Пелистер влегува во решавачка фаза, а битолчани на 17 ноември ги очекува исклучително важен дуел во Лигата на Европа....

Поврзани написи
Втора лигаФудбал

Две кола до зимската пауза, пет екипи под притисок — кој може да се оддалечи од опасната зона?

Репрезентативната пауза ја затекнува борбата за опстанок во Втората лига со четири...

КупФудбал

КУП: Тиверија Брера преку Истатов во полуфиналето, Ана Димитровска со четири гола го потона Кочани, домашни победи за Пелистер и Љуботен

Без изненадувања во Купот на Македонија во женска конкуренција, фаворитите лесно обезбедија...

РакометФудбал

(ФОТО) Ајдуци реагираат: Вчера Астраион, денес Тиверија, струмичка спортска мизерија

Навивачката група „Ајдуци“ од Струмица, на натпреварот од 6. коло на кошаркарската...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!