Втора лигаПрва лигаТрета лигаФудбал

Локалните избори направија „слободен“ фудбалски викенд

Сподели
ФОТО: Спортска Мрежа
Сподели

Овој викенд фудбал ќе нема поради локалните избори, но не само фудбал туку најголем дел од спортските натпревари ќе се одложат.

Одложување на спортските натпревари е на барање на Министерството за внатрешни работи (МВР) поради одржувањето на локалните избори кој се закажани за 19 октомври (недела), а вториот круг од истите ќе биде на 2 ноември, исто така недела.

Поради тоа дел од клубовите покрај тренинзите „слободниот“ викенд ќе го искористат и за одигрување на пријателски натпревари со цел проверка на формата.

Ваквата пауза за некои екипи ќе биде и добредојдена пред се кај екипите кои имаат лоша резултатска серија, како прволигашот Пелистер каде новиот тренер Милан Стојановски ќе треба да го извлече Пелистер од резултатската криза и да го врати на победничките шини.

Од друга страна, Панче Стојанов, кој пак е нов тренер на Беласица, по оставката на досегашниот тренер Александар Стојанов, ќе добие на време да се запознае со екипата и истата да ја подготви за следните предизвици.

Второлигашите Слога Виница и Преспа кои се во длабоки резултатски кризи ќе добијат на време не само за подготовки, туку и за многу повеќе кога е во прашање внатрешната атмосфера, но и да се изнајде заеднички модул како да стигнат до нивно само второ сезонско славје.


Сподели

Не пропуштајте

Ракомет

Дресот на Дибиров доби место во историјата на Скопје – Вардар со посебен подарок за Музејот!

Во пресрет на 13 Ноември, Денот на ослободувањето на Скопје, ракометарите на Вардар 1961 реализираа посета со посебно значење, оддавајќи почит на историјата...

Ракомет

Пелистер пред европскиот испит на сезоната: Битола се мобилизира за Гумерсбах!

Европската сезона на Еурофарм Пелистер влегува во решавачка фаза, а битолчани на 17 ноември ги очекува исклучително важен дуел во Лигата на Европа....

Поврзани написи
Втора лигаФудбал

Две кола до зимската пауза, пет екипи под притисок — кој може да се оддалечи од опасната зона?

Репрезентативната пауза ја затекнува борбата за опстанок во Втората лига со четири...

КупФудбал

КУП: Тиверија Брера преку Истатов во полуфиналето, Ана Димитровска со четири гола го потона Кочани, домашни победи за Пелистер и Љуботен

Без изненадувања во Купот на Македонија во женска конкуренција, фаворитите лесно обезбедија...

РакометФудбал

(ФОТО) Ајдуци реагираат: Вчера Астраион, денес Тиверија, струмичка спортска мизерија

Навивачката група „Ајдуци“ од Струмица, на натпреварот од 6. коло на кошаркарската...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!