Втора лигаФудбал

ФОТО: Брегалница го доби дербито под рефлектори со Скопје и се врати на врвот во Втората лига!

Сподели
ФОТО: Спортска Мрежа
Сподели

Екипата на Брегалница Штип го доби дербито против Скопје, во последниот натпревар од 8. коло во Втората македонска фудбалска лига, кој се одигра под рефлектори на Градскиот стадион во Штип. „Сините“ славеа со 2-0, со што го заокружија ова коло и се вратија на првото место на табелата.

Стефан Костов го отвори резултатот со прецизен удар во првото полувреме, носејќи ѝ предност на Брегалница од 1-0 – резултат со кој двете екипи заминаа на одмор.

Во вториот дел, Скопје се обидуваше да израмни, создаваше неколку полушанси, но домаќините беа тие кои го контролираа темпото и ја потврдија победата во финишот.

ФОТО: Спортска Мрежа | Западната трибина пуштена за користење на Градскиот стадион во Штип, светнаа и рефлекторите

Резервистот Давид Калпачки, кој минатата сезона беше најдобар стрелец на штипјани, со убав погодок во 85. минута ги постави конечните 2-0.

Со овој триумф, Брегалница повторно се искачи на врвот на табелата со 20 бодови, колку што има и Шкендија Арачиново, која е втора поради послабата гол-разлика. На третото место се наоѓа Беласица со 16 бодови.

Со овој натпревар официјално беше затворено 8. коло во Втората лига. Извештајот од останатите натпревари е достапен овде.

Сподели

Не пропуштајте

Кошаркарска репрезентацијаРепрезентација

Штип носи прва шанса за поправен: Македонија против Естонија во трката за следната рунда

Женската кошаркарска репрезентација на Македонија в сабота, на 14 ноември од 18 часот, ќе ја пречека Естонија во спортскиот центар „Џексон“ во Штип....

Останато

Сојузот на спортови на Скопје ги додели наградите „13 Ноември“, каратистот Матеј Белистојаноски одликуван за најдобар спортист

Наградата за животно дело му припадна на Марин Докузовски, поранешен кошаркар и тренер, најтрофеен селектор на македонската репрезентација, која под негово водство го...

Поврзани написи
Втора лигаФудбал

Охрид ја држи есенската круна во свои раце, Пелистер и Работнички чекаат шанса

Охрид влегува во последните две редовни есенски кола како лидер и најсериозен...

КупФудбал

КУП: Тиверија Брера против Пелистер, Каменица Саса Љуботен

Одредени паровите за полуфиналето во Купот на Македонија во женска конкуренција, кој...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!