Втора лигаФудбал

Беласица поразена во Кочани, Саса и Вардар Неготино убедливи, криза за Слога Виница

Сподели
Сподели

Осмото коло во Втората македонска фудбалска лига донесе возбудливи натпревари и неколку изненадувања, меѓу кои се издвојува победата на Осогово над Беласица во дербито во Кочани.

Осогово на домашен терен славеше со 3-1 над Беласица, обезбедувајќи значајни три бода против еден од фаворитите за врвот. Херој на мечот беше Владимир Жоглев, кој со два гола донесе предност од 2:0, пред Александар Милушев да намали за гостите. Конечните 3:1 ги постави Марио Симоски во самиот финиш на дуелот.

Каменица Саса блескаше на домашен терен, совладувајќи ја Преспа со убедливи 3-0. Голгетерот Тони Мичковски го реши натпреварот сам, постигнувајќи хет-трик и обезбедувајќи нова радост за навивачите во Македонска Каменица.

Вардар Неготино исто така одигра одличен меч пред своите гледачи, триумфирајќи со 4-0 над Големо Коњари. Головите ги постигнаа Аделин Ќазимов, Ѓорѓи Шишков, Мартин Нејковски и Стојанче Камчев.

Во Тетово, Шкендија Арачиново направи пресврт и со 1-2 го совлада Тетекс. Домаќините поведоа преку Азис Јамини, но Фикрет Љиварека беше човекот на одлука со два погодоци во вториот дел.

Охрид со минимални 0-1 славеше на гостувањето кај Новаци, благодарение на погодокот на Антонио Каланоски, додека дербито во Гевгелија помеѓу Кожуф и Детонит Плачковица заврши без голови – 0-0.

ФОТО: Кожуф – Детонит Плачковица

Слога Виница продолжува со резултатската криза, откако доживеа тежок пораз во Прилеп од Победа со 3-0. За прилепчани погодија Хоманед Ахмедов Мохамед, Гоце Кузманоски, а Виктор Крстевски си постигна автогол.

Осмото коло ќе биде затворено вечерва од 18:00 часот, со дербито под рефлектори во Штип, каде Брегалница ќе ја пречека Скопје.

Сподели

Не пропуштајте

Кошаркарска репрезентацијаРепрезентација

Штип носи прва шанса за поправен: Македонија против Естонија во трката за следната рунда

Женската кошаркарска репрезентација на Македонија в сабота, на 14 ноември од 18 часот, ќе ја пречека Естонија во спортскиот центар „Џексон“ во Штип....

Останато

Сојузот на спортови на Скопје ги додели наградите „13 Ноември“, каратистот Матеј Белистојаноски одликуван за најдобар спортист

Наградата за животно дело му припадна на Марин Докузовски, поранешен кошаркар и тренер, најтрофеен селектор на македонската репрезентација, која под негово водство го...

Поврзани написи
Втора лигаФудбал

Охрид ја држи есенската круна во свои раце, Пелистер и Работнички чекаат шанса

Охрид влегува во последните две редовни есенски кола како лидер и најсериозен...

КупФудбал

КУП: Тиверија Брера против Пелистер, Каменица Саса Љуботен

Одредени паровите за полуфиналето во Купот на Македонија во женска конкуренција, кој...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!