РепрезентацијаФудбалска репрезентација

(ВИДЕО) Димитриевски: Македонија дефанзивно беше перфектна!

Сподели
Сподели

Македонија освои голем бод на тешкото гостување кај Белгија откако одигра 0:0 и со тоа останува на врвот од табелата од нашата група во квалификациите за СП 2026.

Голманот на македонската репрезентација Столе Димитриевски, беше на вистината на задачата и имаше фантастични интервенции и е еден од најзаслужните за овој голем бод.

Веднаш по натпреварот, Димитриевски истакна дека дефанзивно биле перфектни.

„Доста тежок натпревар на гостински терен во Гент, навистина тие беа одлични со одлична игра во офанзива. Ние мислам дека имавме перфектен натпревар во дефанзива. Ние фалеше малку повеќе да нападнеме и повеќе да одиме по резултат, да го добиеме натпреварот. Но, сепак е тешко од прва зона да излезеш во трета зона за напад, зошто тие притискаат, константен притисок, но дефанзивно мислам дека одигравме перфектно“, вели голманот на македонската репрезентација Столе Димитриевски.

Веќе фокусот се става на следниот предизвик против Казахстан, меч кој се игра во Скопје и пред верната публика.

„Од првите натпревари од квалификациите ние одиме на победа, за нас прво место е историја, натпреварот со Казахстан ќе биде доста тежок, но играме на домашен терен со наша публика, мислам дека на домашен терен може да дојдеме побргу до таа победа. Но, треба да се одмориме, да се подготвиме и да одиграме фантастичен натпревар со цел да го добиеме истиот и да продолжиме напред до прво место до пласман на Светско првенство“, рече Димитриевски.

Сподели
Напишано од
Виолета Јанчева -

Виолета Јанчева е поранешна фудбалерка која настапувала за неколку екипи од Првата македонска женска фудбалска лига. Одлично го познава македонскиот фудбал, но генерално и македонскиот спорт.

Не пропуштајте

ФудбалФутсал

Проект одбрана на титулата ја стартува од Валандово, дерби на Форца и Шкупи, предизвик за новите прволигаши

Утре во Валандово стартува новата сезона во Првата футсал лига, Проект ја брани двојната круна, а два поранешни шампиони сакаат да го соборат...

Ракомет

Каркалашев: Со полна сала и максимална мотивација можеме до првата победа против Еурофарм Пелистер 2

Младост во претходното коло пропушти можност за прва сезонска радост против Мулти Есенс, откако ремизираше и во Богданци се врати во бод, фокусот...

Поврзани написи
РепрезентацијаФудбалска репрезентација

Нов пораз за Македонија: Швајцарија убедлива со три гола во Луцерн

Фудбалската репрезентација на Македонија со пораз ги заврши натпреварите во овој циклус...

РепрезентацијаФудбалска репрезентација

СТАРТНИ СОСТАВИ: Алиоски се враќа, со Дориев и Елмас против Швајцарија!

Македонија вечерва во Луцерн ја очекува четвртиот натпревар во Лигата на нации,...

РепрезентацијаФудбалска репрезентација

Македонската репрезетнација до 18 години со победа над Црна Гора

Младата репрезентација на Македонија до 18 години забележа победа од 1:0 против...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!