РепрезентацијаФудбалска репрезентација

Омерагиќ со честитка до храбрите репрезентативци: „Браво момци, со цело срце – за вас!“

Сподели
ФОТО: ФФМ
Сподели

Фудбалската репрезентација на Македонија освои голем бод на гостувањето во Гент, откако одигра без голови (0:0) против ѕвездената Белгија и го задржа првото место во квалификациската група за Светското првенство 2026.

Огромниот успех и новото големо издание на избраниците на селекторот Благоја Милевски предизвикаа бројни реакции и честитки од целата спортска јавност, а прв кој јавно се огласи беше претседателот на Фудбалската федерација на Македонија, Масар Омерагиќ.

„Браво, браво, момци. Со цело срце – за вас!“, напиша Омерагиќ во кратка, но искрена порака објавена веднаш по натпреварот.

Првиот човек на македонскиот фудбал испрати јасна поддршка и гордост кон репрезентацијата, која и понатаму ја одржува импресивната серија на официјални натпревари без пораз. Македонија останува лидер во групата со еден бод повеќе од Белгија и се наоѓа пред историска можност – пласман на Светското првенство во 2026 година, што ќе се одржи во САД, Канада и Мексико.

Сподели

Не пропуштајте

Останато

Ева Митевска испиша историја во Дакар, осмо место во финалето на 100 метри!

Македонската атлетичарка Ева Митевска забележа значаен успех на Младинските олимписки игри во Дакар, Сенегал, откако обезбеди место во финалето на трката на 100...

Останати репрезентацииРепрезентација

Четири борби, четири победи – Душица Бресалиева го освои златниот медал на Грција Опен Е1 2026

Македонската репрезентативка во таеквондо, Душица Бресалиева од ТК Штип, оствари извонреден успех на меѓународниот турнир „Грција Опен Е1 2026“, освојувајќи го златниот медал...

Поврзани написи
Останати репрезентацииРепрезентација

Четири борби, четири победи – Душица Бресалиева го освои златниот медал на Грција Опен Е1 2026

Македонската репрезентативка во таеквондо, Душица Бресалиева од ТК Штип, оствари извонреден успех...

Ракометна репрезентацијаРепрезентација

РФМ со официјален приговор до ЕХФ: На телевизискиот пренос стоеше NMKD!

Ракометната федерација на Македонија преку соопштение информираше дека ќе поднесе официјален приговор...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!