РепрезентацијаФудбалска репрезентација

(ВИДЕО) Зајков: Покажаме храброст, оставивме срце на терен за Македонија!

Сподели
Сподели

Македонија е прва во групата за квалификациите за Светското првенство 2026, откако одигра 0:0 на тешкото гостување во Гент кај Белгија.

Шансите за пласман на Мундијалот се големи, Македонија сега е пред многу голем историски момент за првпат во историјата да се пласира на Светско првенство.

По натпреварот во Гент, репрезентативецот на Македонија, Ѓоко Зајков, истака дека покажале храброст на теренот, вели дека оставиле срце на терен за Македонија и дополнува дека одиграле дисциплинирано во одбраната.

„Одигравме храбро, дисциплинирано во одбрана се разбира дека со ваков противник не може секогаш да ги надигруваме, но покажавме дека сме храбри, дека оставаме срце за Македонија и со дисциплина стигнавме до тој бод. За мене тоа е многу голем бод, особено во гости со Белгија. Но, сега треба да ги спуштиме нозете на земја, имаме за три дена друг натпревар, исто многу важен исто како овој. Да се одмори ме добро со цел да дадеме пак максимум за тој натпревар, да победиме и да ги освоиме трите бодови што е најважно ако сакаме да играме на Светско првенство. Беше тешко, но затоа со добра комуникација не само ние тројца, сите и Столе од позади, морам да спомнам и за дечките што играат напред и среден ред изгинаа на овој натпревар што знам дека е многу тешко и за нив кога некој играч нема да допре топка, а тоа му се квалитетите најголеми. Но, затоа пак ќе речам кога се игра за Македонија, се остава срце на терен и како и да треба на крај да се одигра, така ќе се одигра само да се исполни целта“, вели репрезентативецот Ѓоко Зајков.

Сподели

Не пропуштајте

Останато

Ева Митевска испиша историја во Дакар, осмо место во финалето на 100 метри!

Македонската атлетичарка Ева Митевска забележа значаен успех на Младинските олимписки игри во Дакар, Сенегал, откако обезбеди место во финалето на трката на 100...

Останати репрезентацииРепрезентација

Четири борби, четири победи – Душица Бресалиева го освои златниот медал на Грција Опен Е1 2026

Македонската репрезентативка во таеквондо, Душица Бресалиева од ТК Штип, оствари извонреден успех на меѓународниот турнир „Грција Опен Е1 2026“, освојувајќи го златниот медал...

Поврзани написи
Останати репрезентацииРепрезентација

Четири борби, четири победи – Душица Бресалиева го освои златниот медал на Грција Опен Е1 2026

Македонската репрезентативка во таеквондо, Душица Бресалиева од ТК Штип, оствари извонреден успех...

Ракометна репрезентацијаРепрезентација

РФМ со официјален приговор до ЕХФ: На телевизискиот пренос стоеше NMKD!

Ракометната федерација на Македонија преку соопштение информираше дека ќе поднесе официјален приговор...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!