РепрезентацијаФудбалска репрезентација

Македонија до 21 година со триумф над Ерменија во Битола

Сподели
ФОТО: ФФМ
Сподели

Македонската младинска репрезентација до 21 година ја запиша првата победа во квалификацискиот циклус за ЕП, откако вечерва во Битола, на стадионот „Петар Милошевски“, во рамки на третото коло, славеше над Ерменија со 2:1.

По негативата во првото полувреме, избраниците на селекторот Горан Станиќ успеаја да направат целосен пресврт благодарение на двете погодоци на Димитар Трајков, кој најпрво во 54. минута, а потоа и во 83. минута ја затресе мрежата на противникот ѝ ги донесе на Македонија толку посакуваните први три бода во оваа група. Воедно, тоа беа и првите два постигнати гола на нашиот тим во овие квалификации.

Македонија го отвори натпреварот солидно, со желба и иницијатива уште од првите минути. По двете прилики на Трајков, една по удар со нога, а друга со глава од непосредна близина,  се почувствува дека тимот бара рано водство. Сепак, тоа не се случи. Освен шансите на Трајков, Македонија не создаде сериозна закана во првиот дел.

Од друга страна, Ерменија беше сконцентрирана на дефанзива, со повремени обиди преку контранапади. Еден таков напад се покажа како успешен, по асистенција на Хакобјан, Ховханисјан се најде во поволна позиција, пласираше прецизно кон подалечниот дирек и го совлада Џеков. Нашиот тим очигледно не очекуваше ваков развој на настаните и не успеа да се консолидира до крајот на полувремето.

Во второто полувреме Македонија тргна по изедначување и успеа во својата намера. По неколкуте обиди на Меметриза и Данев, Трајков конечно го „проби ледот“, по одлично изведен корнер, напаѓачот на Работнички највисоко скокна на пет метри од голот и со глава израмни на 1:1.

Во периодот што следеше, Македонија ја презеде иницијативата и постојано напаѓаше во потрага по победничкиот гол. До него дојдовме на несекојдневен начин, по една дијагонала на Трајков од сопствената половина, упатена кон Зенку, топката непредвидливо одскокна неколку метри пред излезениот голман на Ерменија, Давтјан, го префрли и заврши во гостинската мрежа.

Со овој триумф, Македонија ги освои првите три бода во квалификациите и со оптимизам ги очекува следните натпревари.

Сподели

Не пропуштајте

Останато

Ева Митевска испиша историја во Дакар, осмо место во финалето на 100 метри!

Македонската атлетичарка Ева Митевска забележа значаен успех на Младинските олимписки игри во Дакар, Сенегал, откако обезбеди место во финалето на трката на 100...

Останати репрезентацииРепрезентација

Четири борби, четири победи – Душица Бресалиева го освои златниот медал на Грција Опен Е1 2026

Македонската репрезентативка во таеквондо, Душица Бресалиева од ТК Штип, оствари извонреден успех на меѓународниот турнир „Грција Опен Е1 2026“, освојувајќи го златниот медал...

Поврзани написи
Останати репрезентацииРепрезентација

Четири борби, четири победи – Душица Бресалиева го освои златниот медал на Грција Опен Е1 2026

Македонската репрезентативка во таеквондо, Душица Бресалиева од ТК Штип, оствари извонреден успех...

Ракометна репрезентацијаРепрезентација

РФМ со официјален приговор до ЕХФ: На телевизискиот пренос стоеше NMKD!

Ракометната федерација на Македонија преку соопштение информираше дека ќе поднесе официјален приговор...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!