Останато

Игор Стефановски – Иџе дебитира во ЕУРО НАСКАР ПРО и влегува во историјата на македонскиот автоспорт

Сподели
ФОТО: Игор Стефановски Иџе - Facebook
Сподели

Нашиот најдобар Македонскиот автомобилистички ас Игор Стефановски – Иџе повторно го испишува името на Македонија во историјата на европскиот автоспорт! Трикратниот европски шампион во ридски патеки овој викенд ќе дебитира во престижниот шампионат ЕУРО НАСКАР ПРО, како дел од тимот Speed House S20 Team, на финалната трка што ќе се одржи на легендарната патека Золдер во Белгија.

Со овој настап, Иџе станува првиот македонски возач кој ќе настапи во европската верзија на американскиот Наскар, најпознатиот автомобилски шампионат во светот. ЕУРО НАСКАР веќе повеќе од една деценија претставува европска елита на трки на затворени патеки, со врвна конкуренција и исклучително барачки услови.

Стефановски вели дека овој настап претставува нов предизвик и голем чекор напред во неговата кариера. Тој ќе вози целосно нов тип на автомобил, во конкуренција од околу 26 професионални возачи, и како што истакна, приоритет му е да се запознае со автомобилот и да стекне искуство во оваа категорија, а не самиот резултат.

Неговиот долгогодишен поддржувач Видеолотарија Касинос Австрија, останува негов сигурен партнер и во ова ново поглавје. Тие веруваат во неговата спортска визија и посветеност, а Иџе и натаму ја претставува Македонија со истата страст, храброст и упорност кои го одликуваат низ целата негова спортска кариера.

Сите македонски љубители на автоспортот ќе имаат причина за гордост овој викенд — Иџе го носи македонското знаме на европските патеки, во борба со најдобрите во ЕУРО НАСКАР ПРО.

Сподели
Напишано од
Виолета Јанчева -

Виолета Јанчева е поранешна фудбалерка која настапувала за неколку екипи од Првата македонска женска фудбалска лига. Одлично го познава македонскиот фудбал, но генерално и македонскиот спорт.

Не пропуштајте

Кошарка

МЗТ три од три дома, Работнички три од три на гости пред вечното дерби

МЗТ Скопје Аеродром и Работнички влегуваат во дербито од седмото коло со по една серија што ќе биде прекината. Шампионот ги доби сите...

ФудбалФутсал

Две непоразени екипи во Втората футсал лига, две екипи без бодови

По четири одиграни кола во Втората футсал, две екипи немаат пораз, а две екипи немаат бодови. Каршиака и Црна Река не знаат за...

Поврзани написи
Останато

(ФОТО) Радовиш има нови шампиони! Team Carvalho освои десет златни и еден сребрен медал на Државното првенство!

Одличен настап, бројни медали и уште една потврда за квалитетната работа со...

Останато

(ФОТО) Штип УГД ја освои Струмица: Шампионот славеше во големото одбојкарско дерби по вистинска драма!

Актуелниот македонски одбојкарски шампион Штип УГД продолжува со максимален ефект во новата...

Останато

Ждрепка в недела, први борби в понеделник на Европското првенство во кик-бокс во Скопје

Европското првенство во кик-бокс во Скопје денеска почнува со пристигнување на делегациите,...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!