Втора лигаФудбал

ВИДЕО: Голгетерот на Детонит Плачковица, Сашко Дуков, повторно ќе конкурира за најдобар стрелец во Втората лига – погледнете ги погодоците!

Сподели
Сподели

Напаѓачот на Детонит Плачковица, Сашко Дуков, уште еднаш ја потврдува својата репутација како еден од најконстантните и најопасни стрелци во Втората македонска фудбалска лига. По седум одиграни кола во сезоната 2025/2026, тој веќе има пет постигнати гола, со што се наметнува како еден од главните кандидати за најдобар стрелец на лигата.

Дуков ја отвори сезоната со два гола против Големо Коњари во првото коло, при што вториот погодок беше вистинска мајсторија – потврдувајќи ја неговата прецизност и инстинкт пред противничкиот гол. Детонит тогаш славеше убедливо со 0:4 на гостински терен.

Во третото коло, Дуков повторно беше херој на тимот, откако со својот единствен погодок ја реши средбата со Слога Виница (1:0), носејќи нови три бода за составот од Радовиш.

Најновиот блесок на искусниот напаѓач дојде во 7. коло, кога Детонит Плачковица славеше со 3:1 против Победа, а Дуков повторно се запиша двапати во листата на стрелци, демонстрирајќи ја својата форма и лидерска улога во нападот.


Ова не е првпат Дуков да се најде меѓу самиот врв на листата на најдобрите стрелци. Минатата сезона тој настапуваше за Охрид во есенскиот дел, а во пролетниот за Кожуф, постигнувајќи вкупно 14 погодоци.

  • ПОГОДОЦИТЕ НА САШКО ДУКОВ ВО ДРЕСОТ НА ДЕТОНИТ ПЛАЧКОВИЦА:

Во сезоната 2023/2024, во дресот на Каменица Саса, реализира 10 гола и беше најдобар стрелец на тимот, со клучна улога во обезбедувањето на опстанокот во Втората лига. И во сезоната 2022/2023 тој постигна ист број погодоци – десет – повторно во дресот на Каменица Саса.

Со ваква конзистентност и ефикасност, Сашко Дуков и оваа сезона јасно покажува дека останува еден од најпрепознатливите и најопасните голгетери во Втората македонска лига, а неговите настапи се од огромно значење за амбициозниот тим на Детонит Плачковица од Радовиш.


Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Кошарка

МЗТ три од три дома, Работнички три од три на гости пред вечното дерби

МЗТ Скопје Аеродром и Работнички влегуваат во дербито од седмото коло со по една серија што ќе биде прекината. Шампионот ги доби сите...

ФудбалФутсал

Две непоразени екипи во Втората футсал лига, две екипи без бодови

По четири одиграни кола во Втората футсал, две екипи немаат пораз, а две екипи немаат бодови. Каршиака и Црна Река не знаат за...

Поврзани написи
ФудбалФутсал

Две непоразени екипи во Втората футсал лига, две екипи без бодови

По четири одиграни кола во Втората футсал, две екипи немаат пораз, а...

Втора лигаФудбал

АНАЛИЗА: Охрид има најдобар напад, Пелистер најцврста одбрана, а Работнички го притиска врвот

Детална анализа на Втората македонска фудбалска лига по 11. коло Охрид Лихнидос...

ФудбалЧетврта лига

ВИДЕО: Горски преку Китановски и Колашинац до три бода, домашни победи за Младост и Раштани Спорт

Три домашни и една гостинска победа донесе 6. коло на Општинската фудбалска...

ФудбалФутсал

(ФОТО) Ниту „Д“ од дерби во Кавадарци: Црна Река го декласираше Балкан со 14 гола!

Наместо дерби во „Јасмин“ тотална доминација на Црна Река, откако со 14:4...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!