Прва лигаФудбал

Потврдено: Пелистер ќе го прослави 80. роденден со голем меч против Динамо Букурешт!

Сподели
ФОТО: АРХИВА
Сподели

Фудбалскиот клуб Пелистер оваа година слави впечатлив јубилеј – 80 години постоење, а големата прослава ќе биде збогатена со пријателски натпревар против еден од најпознатите клубови од Романија – Динамо Букурешт.

Натпреварот е закажан за 12 октомври (недела) на стадионот „Петар Милошевски“ во Битола, со почеток од 17:30 часот, и ќе се одигра под рефлектори. Настанот ќе биде вистински празник на битолскиот спорт, со богата спортска и културна програма во чест на долготрајната зелено-бела традиција.

Романскиот гигант Динамо Букурешт, клуб со богата историја и традиција, има освоено 18 шампионски титули и 13 Купови на Романија, а во минатото настапувале многу познати имиња од европскиот фудбал. Меѓу нив беше и Мирко Ивановски, сегашниот капитен на Пелистер, кој во својата кариера носеше токму дрес на Динамо.

Прославата ќе биде уште поспецијална затоа што најверната навивачка група Чкембари ќе одбележи 40 години постоење, подготвувајќи вистински спектакл на трибините. Очекувањата се дека Битола ќе живее во зелено-бели бои, во еден од најемотивните моменти во поновата историја на клубот.


Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Прва лигаФудбал

Шкендија Арачиново продолжува со одличните резултати: Трета победа во низа и високо трето место во ПМФЛ

Шкендија Арачиново продолжува со импресивниот настап во Првата македонска фудбалска лига. Дебитантот во елитното друштво стигна до третата последователна победа, откако во натпреварот...

Втора лигаФудбал

Охрид го држи врвот со натпревар помалку, Пелистер и Брера најблиску, на дното Шкупи без бодови

По пет одиграни кола, со тоа што второто коло и петтото не се комплетирани, време е за првата „лупа“ на табелата во Втората...

Поврзани написи
Прва лигаФудбал

Шкендија Арачиново продолжува со одличните резултати: Трета победа во низа и високо трето место во ПМФЛ

Шкендија Арачиново продолжува со импресивниот настап во Првата македонска фудбалска лига. Дебитантот...

Прва лигаФудбал

ФК Скопје се засили со Брадаровски и Гордич

ФК Скопје продолжува со засилувањето на составот, а клубот во своите редови...

Прва лигаФудбал

Тодоров: Нема да биде лесно, но посакуваме победа на денешниот натпревар

Двете победи во низа донесоа дополнителен оптимизам во редовите на Шкендија Арачиново,...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!