ФудбалФутсал

Футсал или ракомет: Победа даде 23 гола и го декласираше Карадаку!

Сподели
ФОТО: КФМ Победа Прилеп
Сподели

Футсал натпревар или ракометен натпревар сензација во Прилеп каде Победа со 23:4 го декласираше ланскиот прволигаш Карадаку во меч на тотална доминација на прилепчани.

Андреј Јолески постигна фантастични шест гола, Стефан Пиркоски постигнат пет гола, по три гола постигнаа Илија Ристески и Никола Трајкоски, по два гола постигнаа Нермин Каришик и Кристи Крајоски, а по еден гол постигнаа Ангел Барлески и Андреј Паскоски.

За гостинот двојни стрелци беа Омер Саќипи во првиот дел и Аки Шукрија во вториот дел од мечот.

Мал Ајакс во Штип со 7:2 го декласираше Кратово во натпревар каде Стојановски си постигна автогол, а за штипјани стрелци беа Синанов со два гола, Думишов со хет-трик и Белчовски со еден гол, додека пак за гостинот Ефремов и Начковски беа стрелци.

Како што веќе објави Спортска Мрежа ССК Скопје на домашен терен загуби со 3:6 од Балкан, а два натпревари не се одиграа.

Како што објавивме Конзули наместо во Битола како домаќин играше во Свети Николе против Овче Поле кој беше формален гостин, но Конзули во сала се појави со тројца играчи, а ниту мечот во Дебар не се одигра каде Кораби го чекаше Партизан Југ Брвеница, каде гостинот дојде до само два играчи. Повеќе од комични ситуации во Втората футсал лига, извештајот од воведните натпревари на Спортска Мрежа можете да го прочитате овде.

„Циркус“ во Втората футсал лига на Македонија, екипи доаѓаат со двајца и тројца играчи! Хаос на стартот од сезоната!

 

Колото ќе се комплетира вечерва во Струга со мечот меѓу Енхалон и СЕЕ Университи, меч кој започна во овие моменто односно во 19:15 часот.

 

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Втора лигаФудбал

Беласица и Мартин Алаѓозовски спогодбено се разделија, стратегот продолжува во Кувајт

Беласица и Мартин Алаѓозовски спогодбено се разделија, младиот стратег кариерата ја продолжува во Кувајт, токму тоа е и причината за разделбата меѓу двете...

Ракомет

Еурофарм Пелистер немоќен во Германија: Гумерсбах го казни падот на битолчани

Ракометарите на Еурофарм Пелистер не успеаја да стигнат до позитивен резултат на гостувањето во Германија, откако загубија од Гумерсбах со убедливи 38-28 во...

Поврзани написи
Втора лигаФудбал

Беласица и Мартин Алаѓозовски спогодбено се разделија, стратегот продолжува во Кувајт

Беласица и Мартин Алаѓозовски спогодбено се разделија, младиот стратег кариерата ја продолжува...

Трета лигаФудбал

(ФОТО) Тренерска промена поради лоши резултати: Влатко Новаков го презеде третолигашот Карбинци

По пет одиграни кола третолигашот Карбинци има пет порази на толку натпревари...

Втора лигаФудбал

Спирко Златков нов тренер на Осогово, второлигашот од Кочани и со нов тренер на голмани

Второлигашот Осогово го назначи Спирко Златков за нов шеф на стручниот штаб,...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!