Трета лигаФудбал

Октај Амедов е најдобар стрелец во Трета лига – Исток, Ѓорѓиев и Илиев имаат по пет гола!

Сподели
ФОТО: Спортска Мрежа | Забрането преземање без претходна писмена согласност!
Сподели

По пет одиграни кола во Третата македонска фудбалска лига – Исток, најдобар стрелец стана Октај Амедов со шест постигнати погодоци. Фудбалерот на Слога Виница, која е лидер на табелата со максимални 15 бодови на мечот од 5. коло против Светлост Зрновци постигна два погодоци и со тоа изби на врвот од табелата.

На второто место со по пет погодоци се Игор Ѓорѓиев од Слога Виница и Петар Илиев од екипата на Дојранско Езеро.

По четири постигнати погодоци имаат четири фудбалери, односно Алекснадар Илиев од екипата на Брегалница од Делчево, Дарко Нацев од Овче Поле и Кристијан Ристовски од Слога Виница.

По три гола во Трета лига – Исток имаат Михаил Воинов од Слога Виница, Димитар Стојановски од Овче Поле, Никола Трајков од Тиверија и Александар Черкезов од Хоризонт Турново.

По пет одиграни натпревари Живко Гоцев кој настапува за Хоризонт Турново е единствен со постигнат автогол.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Втора лигаФудбал

Беласица и Мартин Алаѓозовски спогодбено се разделија, стратегот продолжува во Кувајт

Беласица и Мартин Алаѓозовски спогодбено се разделија, младиот стратег кариерата ја продолжува во Кувајт, токму тоа е и причината за разделбата меѓу двете...

Ракомет

Еурофарм Пелистер немоќен во Германија: Гумерсбах го казни падот на битолчани

Ракометарите на Еурофарм Пелистер не успеаја да стигнат до позитивен резултат на гостувањето во Германија, откако загубија од Гумерсбах со убедливи 38-28 во...

Поврзани написи
Втора лигаФудбал

Беласица и Мартин Алаѓозовски спогодбено се разделија, стратегот продолжува во Кувајт

Беласица и Мартин Алаѓозовски спогодбено се разделија, младиот стратег кариерата ја продолжува...

Трета лигаФудбал

(ФОТО) Тренерска промена поради лоши резултати: Влатко Новаков го презеде третолигашот Карбинци

По пет одиграни кола третолигашот Карбинци има пет порази на толку натпревари...

Втора лигаФудбал

Спирко Златков нов тренер на Осогово, второлигашот од Кочани и со нов тренер на голмани

Второлигашот Осогово го назначи Спирко Златков за нов шеф на стручниот штаб,...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!