Ракомет

Прилеп со моќна серија ја реши Струга и ја запиша третата победа сезонава

Сподели
ФОТО: РК Прилеп
Сподели

Ракометарите на Прилеп продолжија со добрите партии во новата сезона и пред своја публика ја совладаа Струга со резултат 34-26. „Тутунарите“ со овој триумф стигнаа до третиот сезонски успех и се искачија погоре на табелата, освојувајќи важни бодови против директен конкурент.

Гостите од Струга подобро го отворија натпреварот и во првите петнаесетина минути имаа предност од 8-6, па дури и напад за „плус три“. Но кога не ја искористија шансата, Прилепчани заиграа далеку поагресивно и брзо израмнија на 10-10. Од тој момент почна пресврт кој го одбележи целиот натпревар.

Домашните ракометари примија само еден гол во следните дваесетина минути, а постигнаа дури 11 по ред, со што резултатот нагло скокна на 23-11. На тој начин дилемата околу победникот беше решена уште во раната фаза од второто полувреме.

Иако Струга успеа да намали на 29-22 во финишот, немаа сили за целосен камбек. Прилеп рутински ја приведе средбата до крај и славеше со убедливи 34-26.

Кај победниците најефикасен беше Денис Шабановиќ со шест гола, додека Тренчевски и Димитриоски погодија по пет пати. Кај стружани се истакна Наум Костов со осум гола, а Мечкароски постигна седум.

Во следното коло Прилеп ќе има сериозен предизвик со гостувањето кај Вардар во Скопје, додека Струга ќе се обиде да се рехабилитира пред својата публика против Куманово.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Ракомет

Кавадарчани убедливи – Тиквеш со сигурен триумф над Бутел Скопје

Екипата на Тиквеш стигна до сигурна победа над Бутел Скопје со резултат 25-20 во натпреварот од второто коло од суперлигашкиот плеј-оф. Кавадарчани ја...

Ракомет

🔴 Во ЖИВО: Еурофарм Пелистер – Вардар

Следете го во ЖИВО големото ракометно дерби во Битола меѓу Еурофарм Пелистер и Вардар.

Поврзани написи
Ракомет

Кавадарчани убедливи – Тиквеш со сигурен триумф над Бутел Скопје

Екипата на Тиквеш стигна до сигурна победа над Бутел Скопје со резултат...

Ракомет

🔴 Во ЖИВО: Еурофарм Пелистер – Вардар

Следете го во ЖИВО големото ракометно дерби во Битола меѓу Еурофарм Пелистер...

Ракомет

Битола вечерва ќе гори – Вардар доаѓа како лидер, шампионот Еурофарм Пелистер без право на грешка!

Македонската ракометна јавност вечерва ќе биде насочена кон Битола, каде што Еурофарм...

Ракомет

Моралес: „Во второто полувреме влеговме многу пофокусирано“

Дербито меѓу Охрид и Алкалоид во плеј-офот од Супер Лигата заврши без...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!