Ракомет

Кукуловски пред дербито со Пелистер: „Со цврста одбрана можеме до позитивен резултат!“

Сподели
ФОТО: ГРК ОХРИД
Сподели

Ракометарите на ГРК Охрид во недела ги очекува големото дерби против Еурофарм Пелистер во Битола, натпревар кој со право привлекува големо внимание во рамките на Суперлигата. Охриѓани во пресрет на мечот најавуваат голема борба и цврста игра, со цел да се дојде до позитивен резултат против фаворитот. За Спортска Мрежа, своите очекувања од овој меч, ги изнесе бекот на охриѓани, Дејан Кукуловски.

Тој истакна дека ги очекува тежок дуел во Битола против Пелистер, но верува дека ќе се одигра неизвесен и интересен натпревар. Исто така, потсети и дека тимот веќе покажа дека може да се носи со екипите од врвот. Според него, цврстата одбрана и дисциплината во нападот би можеле да бидат клучот за позитивен резултат во Битола.

„Нè очекува едно тешко гостување против екипата на Пелистер, во Битола. Немавме многу време да се подготвиме, но мислам дека ќе биде еден тежок и интересен натпревар. Исто така, покажавме дека можеме да се носиме со екипите од врвот и одиме во Битола да го дадеме максимумот како и секогаш, и мислам дека со една цврста одбрана и што поголема дисциплина во нападот можеме да дојдеме до позитивен резултат“, изјави Кукуловски.

Охриѓани во досегашниот дел од сезоната покажаа дека можат да бидат рамноправни и со најсилните ривали во првенството, па така и гостувањето во Битола го гледаат како уште една можност да се докажат на големата сцена.

Сподели
Напишано од
Сања Секулоска -

Сања Секулоска е спортска новинарка во Спортска Мрежа. Секулоска по професија е магистер на економски науки, која започнува од хоби кон новинарството конкретно во ракометот. Секулоска го следи и европскиот ракомет.

Не пропуштајте

ФудбалФутсал

Црна Река со висока гостинска победа, Кратово слави домашен триумф!

Екипата на Црна Река стигна до триумф над ССК на гостински терен, славејќи победа со резултат од 3:8, со што ланскиот прволигаш од...

ФудбалФутсал

Лидерот Проект во еден „потег“ го реши Мал Ајакс, Клими го „среди“ Балкан

Валандово вечерва гледаше прволигашки футсал откако Проект мечот со Мал Ајакс го одигра во салата „Филип Втори“, а кој меч непоразениот лидер од...

Поврзани написи
Ракомет

Младост се прошета во Свети Николе и ги собра бодовите, Драчево Јуниор и Вардар Неготино убедливи!

Лидерот Младост од Богданци останува непоразен во Првата ракометна лига, откако лесно...

Ракомет

Вардар ја освои Битола и е на чекор од шампионската титула

Вардар 1961 извојува огромна победа во дербито на македонскиот ракомет, откако на...

Ракомет

Кавадарчани убедливи – Тиквеш со сигурен триумф над Бутел Скопје

Екипата на Тиквеш стигна до сигурна победа над Бутел Скопје со резултат...

Ракомет

🔴 Во ЖИВО: Еурофарм Пелистер – Вардар

Следете го во ЖИВО големото ракометно дерби во Битола меѓу Еурофарм Пелистер...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!