Прва женска фудбалска лигаФудбал

Рајчевска ќе им суди на Љуботен и Ас Јунајтед, Спасова главна во Скопје, Урошевиќ ќе дели правда на Речица и Вардар

Сподели
Сподели

Викендов се игра 8-то коло од Првата женска фудбалска лига, а сите натпревари се закажани за недела. Делегирани се судиите кои ќе ја делат правдата на терените, а очекуваме возбудливи средби со многу голови и интересни моменти.

Скопското дерби меѓу Скопје и Истатов го доби Александра Спасова од село Мустафино, Свети Николе. На теренот ќе и помагаат Татјана Ивановска од Куманово и Александар Николоски, додека контролор на мечот ќе биде Никола Божиновски од Скопје. Натреварот е закажан во 11:00 часот на стадионот Јован Мандаровски.

Во Струмица, екипата на Тиверија ќе се соочи со Кочани. Главен судија ќе биде Виолета Јанчева од Гевгелија, а ќе и помагаат Иван Танев и Стефан Митров, исто така од Гевгелија. Контролор на натпреварот е Златко Зафиров од Валандово.Натреварот ќе започне во 13:00 часот на општинското фудбалско игралиште во Струмица.

Во Битола, Топ Гол ќе ја пречека Каменица Саса, а судиската тројка предводена од Кирил Смоквоски ќе ја сочинуваат Ангела Домазетовска од Битола и Димитар Здравески од Прилеп. Контролор на мечот ќе биде Жарко Тодоровски од Охрид. Натреварот се игра за павел шатев со почеток од 15:00часот.

На натпреварот помеѓу Речица и Вардар, главен судија ќе биде Александар Урошевиќ од Тетово, со помошници Савеска Цветанка од Јегуновце и Османи Метин од Тетово, а контролор на мечот е Миноски Аце од Скопје. Овој меч ќе започне во 15:00 часот на фудбалскиот терен во Речица.

Со почеток од 15:00 часот на градскиот стадион во Тетово, Љуботен ќе ја пречека екипата на Ас Јунајтед. Главен судија ќе биде Ангела Рајчевска, а помошнички се Елена Соклевска Илиевска и Тамара Цветановиќ, сите од Скопје. Контролор на натпреварот е Петре Илиоски од Прилеп.

Сподели

Не пропуштајте

Прва лигаФудбал

Силекс му се доближува на бод со победа, Вардар во Кратово може да ја намали разликата до врвот

Силекс освои 11 од своите 17 бода во Кратово. В сабота, 7 ноември од 13 часот, таму го пречекува Вардар, кој има 21...

ФудбалФутсал

Дерби пресметка во Кавадарци: Црна Река го пречекува Балкан

В недела од 19 часот во спортската сала „Јасмин“ во Кавадарци ќе се одигра дербито на 4. коло на Втората футсал лига меѓу...

Поврзани написи
ФудбалФутсал

Дерби пресметка во Кавадарци: Црна Река го пречекува Балкан

В недела од 19 часот во спортската сала „Јасмин“ во Кавадарци ќе...

Прва лигаФудбал

Вареловски: Ќе дадеме се од себе трите бода да останат во Кавадарци

Тиквеш продолжува со одличните настапи во Првата македонска фудбалска лига, а амбициите...

Прва лигаФудбал

Варадиновски бара ново изненадување, Скопје на испит кај Тиквеш

Фудбалерите на Скопје во минатото коло успеаја да го изненадат Силекс, ремизирајќи...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!