Фудбал

Претседателот на ФФМ Масар Омерагиќ избран за член на HatTrick комисијата на УЕФА

Сподели
ФОТО: ФФМ
Сподели

Претседателот на Фудбалската федерација на Македонија, Масар Омерагиќ, доби ново признание на европско ниво – тој е именуван за член на HatTrick комисијата на УЕФА, едно од најважните тела во организацијата кое носи одлуки поврзани со инфраструктурни проекти и едукативни програми за фудбалските асоцијации.

Именувањето беше потврдено на состанокот на Извршниот одбор на УЕФА во Билбао, додека првиот состанок на новиот состав се одржа во Каунас, Литванија. На оваа средба, претседателот на Шведската фудбалска федерација и челник на HatTrick комисијата, Карл-Ерик Нилсон, му посака добредојде на Омерагиќ и му врачи пригоден подарок.

„Голема чест и одговорност е да бидам дел од ова тело кое одлучува за клучни инфраструктурни и развојни прашања во европскиот фудбал. Му благодарам на претседателот Чеферин и на Извршниот комитет на УЕФА за довербата. Со нетрпение очекувам да придонесам во процесите кои ќе донесат напредок и за македонскиот, и за европскиот фудбал,“ изјави Омерагиќ.

Ангажманот на првиот човек на ФФМ во оваа комисија претставува големо признание за македонскиот фудбал, особено во период кога развојот на инфраструктурата е еден од приоритетите за иднината на спортот во земјата.

Сподели
Напишано од
Виолета Јанчева -

Виолета Јанчева е поранешна фудбалерка која настапувала за неколку екипи од Првата македонска женска фудбалска лига. Одлично го познава македонскиот фудбал, но генерално и македонскиот спорт.

Не пропуштајте

Прва лигаФудбал

Силекс му се доближува на бод со победа, Вардар во Кратово може да ја намали разликата до врвот

Силекс освои 11 од своите 17 бода во Кратово. В сабота, 7 ноември од 13 часот, таму го пречекува Вардар, кој има 21...

ФудбалФутсал

Дерби пресметка во Кавадарци: Црна Река го пречекува Балкан

В недела од 19 часот во спортската сала „Јасмин“ во Кавадарци ќе се одигра дербито на 4. коло на Втората футсал лига меѓу...

Поврзани написи
ФудбалФутсал

Дерби пресметка во Кавадарци: Црна Река го пречекува Балкан

В недела од 19 часот во спортската сала „Јасмин“ во Кавадарци ќе...

Прва лигаФудбал

Вареловски: Ќе дадеме се од себе трите бода да останат во Кавадарци

Тиквеш продолжува со одличните настапи во Првата македонска фудбалска лига, а амбициите...

Прва лигаФудбал

Варадиновски бара ново изненадување, Скопје на испит кај Тиквеш

Фудбалерите на Скопје во минатото коло успеаја да го изненадат Силекс, ремизирајќи...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!