Останато

Алексеј Стојановски и Максимилијан Хајцик победници во двојки на Скопје Опен до 14 години

Сподели
ФОТО: ТФМ
Сподели

Младиот и надежен тенисер Алексеј Стојановски во тандем со Германецот Максимилијан Хајцик стигнаа до титулата на меѓународниот турнир „Скопје Опен“ за играчи до 14 години, кој неодамна се одржа на терените на ТК Југ во главниот град.

Двојката Стојановски-Хајцик во финалето одигра одличен меч и на убедлив начин ги совладаа Иван Трпковски и Марко Павловиќ, со што ја освоија шампионската титула.

Во поединечна конкуренција најдалеку од македонските тенисери стигна Андреј Темов, кој по голема борба беше поразен со 2-1 во сетови од Марко Павловиќ, тенисерот кој на крајот го освои турнирот.

Кај девојчињата, најдобар резултат имаа Ивана Божиновска и Деа Крстевска. Двете млади македонски тенисерки настапија во конкуренција на двојки и го завршија турнирот како полуфиналистки, со што уште еднаш ја потврдија својата перспектива.

Сподели
Напишано од
Виолета Јанчева -

Виолета Јанчева е поранешна фудбалерка која настапувала за неколку екипи од Првата македонска женска фудбалска лига. Одлично го познава македонскиот фудбал, но генерално и македонскиот спорт.

Не пропуштајте

Ракометна репрезентацијаРепрезентација

Шведска ја запре Грција на 24 гола, Македонија во Халкида може да ѝ побегне четири бода

Грција ќе ја пречека Македонија без бодови во квалификациите за Европското првенство во 2028 година. Вечерва во Векше, грчките ракометари загубија од Шведска...

Втора лигаФудбал

Ѓорѓиев главен во Кочани, Смоквоски ќе им суди на Тетекс и Еуромилк, Јовановски патува во Новаци

Во сабота ќе бидат одиграни седумте натпревари од 11. коло на Втората македонска фудбалска лига. Сите мечеви ќе стартуваат во 13 часот. Познати...

Поврзани написи
Останато

МЗТ Скопје немоќен во Полска – Џики Варшава го нанесе петтиот последователен пораз на македонскиот шампион во ФИБА Еврокупот!

Македонскиот кошаркарски шампион МЗТ Скопје Аеродром продолжува со негативната серија во ФИБА...

Останато

ТФТ постигна 21 поен повеќе отколку во Тузла, но повторно прими над 100 во АБА 2

ТФТ Скопје го претрпе вториот пораз во групата Б од АБА 2....

Останато

Струмица 47&72 без конкуренција кај кадетите – четири победи, ниту еден загубен сет и лидерско место на табелата!

Кадетската екипа на Струмица 47&72 продолжува со одличните настапи во одбојкарското првенство,...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!