Втора лигаФудбал

Ристов главен во Радовиш, Ќерими во Виница, Фуркан Идризи ќе им суди на Беласица и Шкендија Арачиново

Сподели
Сподели

Со седум натпреварите утре ќе биде отворено седмото коло во Втората лига, а кое коло ќе се комплетира со натпреварот под рефлектори во Струмица в недела. Познати се и судиите кои ќе ја делат правдата.

Во Македонска Каменица, дербито меѓу Каменица Саса и Тетекс ќе го води Марјан Дејаноски од Кичево, кому ќе му асистираат Горан Милошевски и Александар Недевски, двајцата од Скопје. Четврти судија е Борче Павловиќ, додека натпреварот ќе го надгледуваат делегатот Павле Игнатов и контролорот Тони Глигоров.

Во Ресен, дуелот Преспа – Новaци е доверен на охриѓанецот Димитар Левески. Помошници ќе бидат Марио Мојсоски и Јован Анѓелкоски, а четврти судија Дени Лековски. Делегат е Трајче Шопов, додека контролор е Илчо Јорданоски.

На „Билјанини извори“ во Охрид, домаќинот Охрид Лихнидос ќе се соочи со Брегалница во дерби меч за трите бодови, со Влатко Илиоски од Прилеп како главен судија. Помошници ќе му бидат Борис Трајков и Иле Мишески, а четврти судија Кирил Смоквоски. Делегат е Фатмир Салаи, а контролор Марјан Кировски.

Во Скопје, на „Железарница“, натпреварот Скопје – Вардар Неготино ќе го суди Дарко Стојанов од Штип. Негови помошници се Зоран Саздовски и Станко Митровиќ, а четврти судија Никола Петковски. За регуларноста ќе се грижат делегатот Столе Тошев и контролорот Бурханедин Салихи.

Во селото Големо Коњари кај Прилеп, средбата Големо Коњари – Кожуг ќе ја води Спире Арсов од Кочани. На линиите ќе бидат Александар Ајдаров и Кирил Јованов, додека четврти судија е Игор Иванов. Делегат е Беким Шеји, а контролор Горан Манасиев.

Во Радовиш, дуелот Детонит Плачковица – Победа ќе го суди струмичанецот Сашко Ристов. Помошници ќе бидат Стојан Костадинов и Ѓорѓи Станковски, а четврти судија Здравко Костовски. Делегат е Дарко Китановски, а контролор Васил Клочовски.

Во Виница, натпреварот Слога – Осогово е доверен на Бењамин Ќерими од Скопје. Негови асистенти ќе бидат Филип Ицковски и Дејан Димитријевиќ, а четврти судија е Дејан Младеновски. Делегат на мечот е Нафил Смаиловиќ, а контролор Златко Неделкоски.

Колото ќе биде заокружено во недела (5 октомври) во Струмица, каде што Беласица ќе ја пречека Шкендија Арачиново. Главен судија е Фуркан Идризи од Тетово, со асистенција на Александар Ѓорѓески и Хабиљ Љиворека. Четврти судија ќе биде Ангел Гелов. Делегат е Драган Иванов, а контролор Сашо Иванов.

Сподели

Не пропуштајте

Ракометна репрезентацијаРепрезентација

Шведска ја запре Грција на 24 гола, Македонија во Халкида може да ѝ побегне четири бода

Грција ќе ја пречека Македонија без бодови во квалификациите за Европското првенство во 2028 година. Вечерва во Векше, грчките ракометари загубија од Шведска...

Втора лигаФудбал

Ѓорѓиев главен во Кочани, Смоквоски ќе им суди на Тетекс и Еуромилк, Јовановски патува во Новаци

Во сабота ќе бидат одиграни седумте натпревари од 11. коло на Втората македонска фудбалска лига. Сите мечеви ќе стартуваат во 13 часот. Познати...

Поврзани написи
Втора лигаФудбал

Ѓорѓиев главен во Кочани, Смоквоски ќе им суди на Тетекс и Еуромилк, Јовановски патува во Новаци

Во сабота ќе бидат одиграни седумте натпревари од 11. коло на Втората...

Младински фудбалФудбал

Шкендија му даде шест на Тетекс и се доближи на четири бода до Вардар

Шкендија го доби тетовското дерби против Тетекс со 6:0 во 11. коло...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!