Прва лигаФудбал

Бафто главен во Битола, Стојанов го доби дербито меѓу Вардар и Струга, Пилешков оди во Кратово

Сподели
Сподели

Денес ќе биде отворено деветтото коло во Првата македонска фудбалска лига, а Фудбалската федерација на Македонија ги објави имињата на судиите и официјалните лица кои ќе ја делат правдата на терените низ државата.

Првиот натпревар е закажан за денес во Ѓорче Петров, каде Македонија ЃП ќе ја пречека екипата на Арсими. Главен судија ќе биде Александар Грујоски од Кичево, а нему ќе му помагаат Зоран Јанкуловски и Давор Цветаноски. Четврти судија е Марјан Стојановски, додека ВАР технологијата ќе ја надгледуваат Александар Урошевиќ и Фуркан Идризи. Оператор за повторување на снимките е Петар Мукоски. Делегат е Ненад Маркоски, а контролор на судење Љубе Ристевски.

Утре, сабота, во Струга се среќаваат Шкупи и Работнички. Благојче Ралевски од Битола е назначен за главен судија, а ќе има асистенција од Владимир Митревски и Петар Степановски. Четврти судија е Владимир Ѓорѓиевски. Во ВАР собата ќе бидат Никола Костенчев и Гоце Петрески, додека оператор за повторнување на снимките ќе биде Виктор Васев. Овој натпревар ќе го следат делегатот Тони Шалев и контролорот Џенан Хајдари.

Исто во сабота, Брера Струмица ќе го пречека Башкими од Куманово на „Благој Истатов“. Пларент Салихи ќе биде главен арбитер, со асистенти Вјолца Изеири и Дарко Јовчевски. Четврти судија е Александар Урошевиќ. На ВАР ќе бидат Стојчевски Игор и Видиниќ Дарко, а за повторување на снимките ќе биде задолжен Матеј Димитриевски. Делегат е Васко Бошевски, додека контролор Никола Караколев.

Во недела (5 октомври), дербито на колото ќе се игра на „Тодор Проески“ во Скопје, каде Вардар ќе ја пречека Струга Трим-Лум. Главен судија е Стојанче Стојанов од Штип, со асистенти Мартин Петковски и Александар Ѓурковски. Четврти судија е Ндерим Тефику. ВАР тимот ќе го сочинуваат Пларент Салихи и Вјолца Изеири, а оператор ќе биде Жарко Пејковски. Делегат е Гоце Цветановски, а контролор Дејан Јакимовски.

Ист ден, во Кратово, Силекс ќе ја пречека екипата на Тиквеш. Димитар Пилешков е назначен за главен судија, а на линиите ќе му помагаат Кристијан Џонов и Ристо Ѓорѓиев. Четврти судија ќе биде Боби Величков. Во ВАР собата ќе бидат Александар Грујоски и Мартин Дејаноски, со оператор Стојановски Петар. Делегат на овој натпревар е Горан Михајловски, а контролор Александар Ставрев.

Коло ќе се заокружи во понеделник (6 октомври) во Битола, каде Пелистер ќе ја пречека Шкендија. Главен судија е Фатмир Бафто од Охрид, со асистенти Мишо Ѓорѓиески и Климент Ристоски. Четврти судија е Јован Качевски. ВАР собата ќе ја контролираат Стојанче Трпчевски и Мартин Петковски, а со видео-снимките ќе ракува Деан Стефков. Делегат е Зоран Златановски, а контролор Јосип Бартон.

Сподели

Не пропуштајте

Ракометна репрезентацијаРепрезентација

Шведска ја запре Грција на 24 гола, Македонија во Халкида може да ѝ побегне четири бода

Грција ќе ја пречека Македонија без бодови во квалификациите за Европското првенство во 2028 година. Вечерва во Векше, грчките ракометари загубија од Шведска...

Втора лигаФудбал

Ѓорѓиев главен во Кочани, Смоквоски ќе им суди на Тетекс и Еуромилк, Јовановски патува во Новаци

Во сабота ќе бидат одиграни седумте натпревари од 11. коло на Втората македонска фудбалска лига. Сите мечеви ќе стартуваат во 13 часот. Познати...

Поврзани написи
Втора лигаФудбал

Ѓорѓиев главен во Кочани, Смоквоски ќе им суди на Тетекс и Еуромилк, Јовановски патува во Новаци

Во сабота ќе бидат одиграни седумте натпревари од 11. коло на Втората...

Младински фудбалФудбал

Шкендија му даде шест на Тетекс и се доближи на четири бода до Вардар

Шкендија го доби тетовското дерби против Тетекс со 6:0 во 11. коло...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!