РепрезентацијаФудбалска репрезентација

Репрезентацијата на Македонија У18 поразена од Словачка на вториот тест натпревар

Сподели
ФОТО: ФФМ
Сподели

Македонската репрезентација до 18 години загуби минимално со 1:0 од репрезентацијата на Словачка на вториот контролен натпревар одигран во Дунајска Стреда. Единствениот погодок на мечот го постигна Давид Полтај во 57. минута.

Нашите млади фудбалери имаа идеална шанса за израмнување во 88. минута, кога Матеј Сејменов излезе сам пред голманот на домаќините, но не успеа да ја затресе мрежата. Во самиот финиш судијата не досуди очигледен пенал во корист на Македонија, па натпреварот заврши со минимален пораз.

Во првото полувреме Капинковски имаше проблеми со компактната одбрана на Словачка. Најсериозни обиди се забележаа преку Дамјан Буцевски во 42. и 44. минута, но неговите удари завршија непрецизно. По водечкиот гол на домаќините, Македонија се обидуваше да врати преку Ѓоргиев и Марковски, но без посакуван ефект.

Состав на Македонија У18:
Дарко Јовчев, Албан Рочи (80’ Стаматоски), Стефан Секирски, Андреј Димовски, Дамјан Буцевски (61’ Сејменов), Габриел Талевски (80’ Мисајловски), Мартин Ѓоргиев (72’ Танчев), Флори Иљази, Флорент Османи (61’ Марковски), Лука Варошаноски, Бојан Велков.
Селектор: Димитар Капинковски.

Сподели
Напишано од
Виолета Јанчева -

Виолета Јанчева е поранешна фудбалерка која настапувала за неколку екипи од Првата македонска женска фудбалска лига. Одлично го познава македонскиот фудбал, но генерално и македонскиот спорт.

Не пропуштајте

Ракометна репрезентацијаРепрезентација

Шведска ја запре Грција на 24 гола, Македонија во Халкида може да ѝ побегне четири бода

Грција ќе ја пречека Македонија без бодови во квалификациите за Европското првенство во 2028 година. Вечерва во Векше, грчките ракометари загубија од Шведска...

Втора лигаФудбал

Ѓорѓиев главен во Кочани, Смоквоски ќе им суди на Тетекс и Еуромилк, Јовановски патува во Новаци

Во сабота ќе бидат одиграни седумте натпревари од 11. коло на Втората македонска фудбалска лига. Сите мечеви ќе стартуваат во 13 часот. Познати...

Поврзани написи
Ракометна репрезентацијаРепрезентација

Шведска ја запре Грција на 24 гола, Македонија во Халкида може да ѝ побегне четири бода

Грција ќе ја пречека Македонија без бодови во квалификациите за Европското првенство...

Ракометна репрезентацијаРепрезентација

Македонија веќе има два бода, а Грција вечерва го игра првиот меч против Шведска

Македонија веќе ја заврши првата задача во квалификациите со победата од 41:23...

РепрезентацијаФудбалска репрезентација

Таневски повика 24 фудбалери за контролниот дуел со Србија

Младата фудбалска репрезентација на Македонија до 21 година на 12 ноември ќе...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!