ИнтернационалциФудбал

Шкендија поразена во Мадрид – Рајо триумфира над македонскиот шампион

Сподели
ФОТО: ФК Шкендија
Сподели

Македонскиот шампион Шкендија со пораз го започна своето историско учество во групната фаза од Конференциската лига. Тетовчани на гостувањето во Мадрид загубија од шпанскиот прволигаш Рајо Валјекано со 2-0, во натпревар кој беше решен уште во првото полувреме.

Шпанците уште од самиот старт ја презедоа иницијативата, а првата посериозна закана стигна во 14. минута, кога голманот Бубакар Гаје одлично интервенираше. Неколку минути подоцна, Цаке за малку ќе си постигнеше автогол, но успеа да ја исправи грешката. Сепак, притисокот на домаќините резултираше со два брзи погодоци – најпрво Унаи Лопез во 28. минута, а потоа Фран Перез во 32. минута ја запечатија судбината на Шкендија.

Во второто полувреме, Рајо ја контролираше играта и без голем напор ја сочува предноста. „Црвено-црните“ од Тетово делуваа инфериорно, упатувајќи само еден удар кон голот на противникот, наспроти десетте обиди во рамките на голот што ги имаа Шпанците. Домаќините изведоа и двоцифрен број корнери, додека Шкендија не успеа ниту еднаш да ја постави топката на аголот.

И покрај поразот, за избраниците на Јетон Беќири ова беше натпревар кој ќе остане запишан во клупската историја како прв настап во групите на едно европско натпреварување. Шкендија во следното коло ќе ја има шансата за први бодови, кога во Скопје ќе го пречека ирскиот состав Шелбурн.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Ракометна репрезентацијаРепрезентација

Шведска ја запре Грција на 24 гола, Македонија во Халкида може да ѝ побегне четири бода

Грција ќе ја пречека Македонија без бодови во квалификациите за Европското првенство во 2028 година. Вечерва во Векше, грчките ракометари загубија од Шведска...

Втора лигаФудбал

Ѓорѓиев главен во Кочани, Смоквоски ќе им суди на Тетекс и Еуромилк, Јовановски патува во Новаци

Во сабота ќе бидат одиграни седумте натпревари од 11. коло на Втората македонска фудбалска лига. Сите мечеви ќе стартуваат во 13 часот. Познати...

Поврзани написи
Младински фудбалФудбал

Шкендија му даде шест на Тетекс и се доближи на четири бода до Вардар

Шкендија го доби тетовското дерби против Тетекс со 6:0 во 11. коло...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!