Втора лигаФудбал

Стојанов: Играта и пристапот беа на потребното ниво, сите честитки одат кон нашите играчите, тие се најзаслужни за денешниот резултат

Сподели
Сподели

Беласица со голот на Александар Коцев запиша голема победа на тешкото гостување кај Тетекс во Јегуновце. Минималниот триумф од 0:1 донесе нови три бодови за струмичани, кои сега се израмнети со Брегалница на врвот од табелата со по 16 бодови.

Тренерот на Беласица, Александар Стојанов во изјава за Спортска Мрежа истакна дека знаеле дека ќе ги очекува тежок натпревар, бидејќи како што вели Стојанов, Тетекс на домашен терен игра добро.

„Знаевме и пред натпреварот дека ќе биде тежок натпревар затоа што Тетекс на домашен терен игра добро, дополнителен проблем беа и отсуствата на Манев, Најденов, Капсаров поради болест и ситни повреди, но играчите кои влегоа на нивно место сосема солидно си ја завршија работата. Добро го почнавме натпреварот со постигнањето на ран гол и после тоа имавме уште неколку изгледни ситуации кои не ги реализиравме или среќата не беше на наша страна, но сепак и во второто полувреме момците беа тие кои изгинаа на теренот и го задржаа почетниот резултат а и противникот немаше некоја изгледна ситуација за гол“, вели Стојанов за Спортска Мрежа.

Тренерот на струмичани е задоволен од играта и пристапот, а фокусот го става веќе на следните предизвици.

„Играта и пристапот беа на потребното ниво и сите честитки одат кон моите играчи, само ќе повторам одредени шанси кои ги ствараме мораме да ги користиме и да ги завршуваме по рационално за да до крајот на натпреварот не се доведуваме во неизвесност. Сепак продолжуваме да работиме напорно и да ги отстрануваме недостатоците и веќе од утре се насочуваме кон следните предизвици кои ни претстојат“, дополнува Стојанов.

Во следното коло Беласица на домашен терен ќе игра со Шкендија Арачиново во меч под рефлектори, а како што дознава Спортска Мрежа тој меч ќе биде закажан за недела од 18:30 часот.


Сподели

Не пропуштајте

Ракомет

🔴 Во ЖИВО: Еурофарм Пелистер – Вардар

Следете го во ЖИВО големото ракометно дерби во Битола меѓу Еурофарм Пелистер и Вардар.

Прва женска фудбалска лигаФудбал

Топ Гол го „тресна“ Кочани и го „заковаа“ на дното во дербито за опстанок

Трите бодови останаа во Битола – Топ Гол ја доби дерби пресметката за опстанок со Кочани, откако славеше пред својата публика со 2:1...

Поврзани написи
Прва женска фудбалска лигаФудбал

Топ Гол го „тресна“ Кочани и го „заковаа“ на дното во дербито за опстанок

Трите бодови останаа во Битола – Топ Гол ја доби дерби пресметката...

Прва женска фудбалска лигаФудбал

Лидерот Скопје ја доби Саса, сигурни и убедливи победи Тиверија Брера и Љуботен

Во Пржино нема бодови – лидерот Скопје забележа победа од 2:0 над...

Трета лигаФудбал

Реми на Вардар Брвеница, лидерот Камјани и Влазерими со убедливи победи

Лидерот Камјани забележа сигурена и убедлива победа од 0:3 над Доброшти во...

Трета лигаФудбал

Малеш во 92. минута се спаси од пораз во Дојран откако ремизираше со Дојранско Езеро

Со четири погодоци и без победник заврши натпреварот во Дојран меѓу Дојранско...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!