Фудбалерите на Детонит Плачковица запишаа уште еден триумф во рамки на шестото коло од Втората лига. Радовишкиот состав, предводен од тренерот Горан Здравков, со минимални 0-1 славеше на гостувањето во Кочани против Осогово.
Со оваа победа Детонит ја продолжува позитивната серија на резултати во Втора лига, откако претходно радовишани се пласираа во четвртфиналето во Купот на Македонија.
Победничка фотографија од соблекувалната на радовишкиот тим.