Ракомет

Даниел Андоновски: Очекуваме еден цврст натпревар против Вардар Неготино, одиме на победа!

Сподели
ФОТО: Спортска Мрежа
Сподели

Во сабота во Богданци се игра големото ракометно дерби меѓу Младост и Вардар Неготино од третото коло на Првата ракометна лига.

Директна дерби пресметка на два конкуренти кои претендираат за влез во Суперлигата, а овој меч ќе ја наполни салата во Богданци до последното седиште.

Ракометарот на Младост од Богданци, Даниел Андоновски во изјавата за Спортска Мрежа го најави саботното дерби. Охриѓанецот вели дека атмосферат е одлична, со сите поддршка од публиката очекува голема победа.

„Атмосферата во соблекувалната е одлична. Почнавме со подготовки порано и една од нашите стартни цели беше да направиме добра тимска хемија и сметам дека успеавме. По победата на првиот официјален натпревар во гости со Партизан, сега не очекува натпревар на домашен терен пред нашата публика. Се подготвуваме онака како што најдобро знаеме, со макотрпна работа секој ден. Очекуваме еден цврст натпревар и се надевам дека со помош на нашата публика ќе извојуваме нова голема победа и полека ќе се приближуваме кон нашата цел“, вели Андоновски за Спортска Мрежа.

Пополека атмосферата во Богданци зоврива, а Вардар Неготино го очекува „пекол“.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

ФудбалФутсал

Каршиака ја „потопи“ Победа со десет гола во Прилеп, Балкан со „петарда“ во Свети Николе за Овче Поле

Екипата на Балкан се „прошета“ во Свети Николе откако во мечот од 2. коло на Втората футсал лига со 0:5 го декласираше Овче...

Кошарка

Феникс 2010 или Борец баскет – кој ќе остане со максимален ефект во Првата лига?

Третото коло во Првата македонска кошаркарска лига – мажи носи директна пресметка меѓу две екипи кои досега имаат максимален учинок. Феникс 2010 и...

Поврзани написи
Ракомет

Озтурк не го заборави Охрид: „Се чувствувам како да сум во својот втор дом!“

ГРК Охрид убедливо го отвори европскиот двомеч со Спор Тото, совладувајќи го...

Ракомет

Радовиш убедлив против Партизан во Гевгелија, десет гола на Васе Петров

Ракометарите на Радовиш забележаа нова победа откако во Гевгелија со 25:30 го...

Ракомет

ФОТО: Охрид со убедлива победа над Спор Тото ја започна одбраната на европската титула

Со убедлива победа Охрид ја започна одбраната на титулата во Европскиот куп...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!