Вонредното 3. коло во Трета лига – Север донесе вистинска голеада со вкупно 35 погодоци на седум натпревари, што го прави едно од највозбудливите кола од стартот на сезоната.
Пчиња на домашен терен со убедливи 6:2 го совлада новиот третолигаш Беса (Сарај). Николче Стојаноски беше двоен стрелец, а по еден гол постигнаа Бобан Стојановски, Стефан Милчевски, Немање Нешески и Далибор Тодоровски. За гостите единствен стрелец беше Амар Шабани, додека домашниот играч Александар Божинов си постигна автогол.
Студеничани и Куманово ги поделија бодовите (1:1). Кристијан Златковски во 55. минута донесе предност за гостите, но домашните израмнија во 85. минута преку Ниметуља Ајдари, кој беше прецизен од белата точка.
Фортуна без проблеми ја совлада Беса (Слупчане) со 3:0. Илир Сула го отвори резултатот уште во 10. минута, а во второто полувреме Абдула Јашари и Фисник Агуши ги поставија конечните 3:0.
Најубедливиот триумф го оствари Еуромилк ГЛ, кој со 1:8 го декласираше Кадино. Натпреварот започна израмнето – Орхан Мифтар погоди за водство, а веќе по една минута Христијан Веселновски израмни на 1:1. Сепак, до крајот на полувремето Андреј Јаневски и Фати Јусифи донесоа 1:3, а во вториот дел следеше вистинска ерупција: Томче Павловски и Ахмед Бакијов постигнаа по два гола, а еднаш погоди и Оливер Пеев за конечни 1:8.
БВК Коњаре се намачи за победа над новакот Отља, славејќи со тесни 2:3. Елмир Алији и Руфат Чалафи донесоа водство од 0:2 на полувреме, но домаќините преку Сеид Саљији намалија на 1:2. Марио Томовски во 82. минута повторно ја зголеми предноста, а Фатон Нуредини само го ублажи поразот (2:3).
Во натпреварот меѓу Башкими Љуботен и Ржаничино беа постигнати четири гола и на крајот бодовите беа поделени (2:2). Омер Хамити во 5. минута донесе водство за домашните, но гостите направија пресврт преку Мартин Лазев (60’) и Даниел Симоноски (86’). Сепак, Мустафа Јусифи само две минути подоцна израмни за конечни 2:2.
Аеродром славеше со 1:3 на гостувањето кај Лопати (Доброшане). Андреј Бобевски во 44. минута го отвори резултатот, а во второто полувреме Александар Кажлевски и Матеј Ѓурчиновски зголемија на 0:3. Почесниот гол за домаќините го постигна Љиридон Сулејмани во 81. минута.
| Поз. | Клуб | ОН | Поб | Н | Пор | ПОС | ПРИ | ГР | БОД |
|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
| 1 | ФК ЕУРОМИЛК ГЛ АД 🔼 | 3 | 3 | 0 | 0 | 16 | 2 | +14 | 9 |
| 2 | ФК Аеродром 2018 🔽 | 3 | 3 | 0 | 0 | 11 | 2 | +9 | 9 |
| 3 | ЗГ ФК КУМАНОВО ➖ | 3 | 2 | 1 | 0 | 8 | 2 | +6 | 7 |
| 4 | ФК БВК КОЊАРЕ ➖ | 3 | 2 | 1 | 0 | 7 | 4 | +3 | 7 |
| 5 | ФК ПЧИЊА 2015 🔼 | 3 | 2 | 0 | 1 | 12 | 5 | +7 | 6 |
| 6 | ФК РЖАНИЧИНО 🔽 | 3 | 1 | 1 | 1 | 9 | 3 | +6 | 4 |
| 7 | ФК ФОРТУНА 1975 🔼 | 3 | 1 | 1 | 1 | 5 | 5 | 0 | 4 |
| 8 | ФК БАШКИМИ ЉУБОТЕН ➖ | 3 | 1 | 1 | 1 | 7 | 9 | -2 | 4 |
| 9 | ФК БЕСА – Скопје ➖ | 3 | 1 | 0 | 2 | 3 | 10 | -7 | 3 |
| 10 | ФК КАДИНО 🔽 | 3 | 1 | 0 | 2 | 3 | 11 | -8 | 3 |
| 11 | ФК Студеничан ➖ | 3 | 0 | 2 | 1 | 3 | 7 | -4 | 2 |
| 12 | ФК БЕСА с.Слупчане ➖ | 3 | 0 | 1 | 2 | 2 | 10 | -8 | 1 |
| 13 | ФК ЛОПАТИ 97 ➖ | 3 | 0 | 0 | 3 | 2 | 9 | -7 | 0 |
| 14 | ФК ОТЉА ➖ | 3 | 0 | 0 | 3 | 3 | 12 | -9 | 0 |