Останато

БВА Купот во женска конкуренција со нов термин ќе се игра од 6 до 8 октомври

Сподели
ФОТО: Михаилов
Сподели

Годинешното издание на Балканскиот клупски куп во женска конкуренција, кое првично беше закажано од 25 до 28 септември во Гњилане (Косово), е одложено од административни причини. Новиот термин за одигрување на турнирот е поместен за периодот од 6 до 8 октомври.

Одлуката ја донесе Балканската одбојкарска асоцијација (БВА) во консултација со Светската одбојкарска федерација (ФИВБ) и Европската одбојкарска асоцијација (ЦЕВ). Главната причина за одложувањето е да им се овозможи на одбојкарките кои настапуваа со своите национални тимови на Светското првенство дополнителен период за одмор пред почетокот на клупските настапи.

Македонија ќе биде претставена од Фит Фан Волеј, кој заедно со домаќинот Дрита (Косово), како и екипите на АЕК (Грција) и Херцег Нови (Црна Гора) ќе се борат за трофејот. Победникот на турнирот обезбедува директен пласман во првото коло од европскиот ЦЕВ Челинџ куп.

Организаторот соопшти дека распоредот и термините на натпреварите остануваат исти како и во првичниот план, единствена промена е новиот датум.

За македонскиот претставник Фит Фан Волеј, ова одложување значи десет дополнителни дена за подготовка и темпирање на формата пред нивното историско деби на меѓународната сцена.

Сподели
Напишано од
Виолета Јанчева -

Виолета Јанчева е поранешна фудбалерка која настапувала за неколку екипи од Првата македонска женска фудбалска лига. Одлично го познава македонскиот фудбал, но генерално и македонскиот спорт.

Не пропуштајте

Прва лигаФудбал

Кавадарци ќе биде домаќин на 26. меморијален турнир „Вуко Каров и тиквешките легенди“ – три екипи во чест на фудбалските великани

Во сабота на Градскиот стадион во Кавадарци ќе се одржи 26. издание на традиционалниот меморијален турнир „Вуко Каров и тиквешките легенди 2026“, во...

Ракомет

Младост утре гостува во „Билјанини Извори“ кај Охрид

Ракометарите на Младост утре гостуваат кај фаворитот Охрид во рамките на 10. коло на Суперлигата, меч кој се игра во салата „Билјанини Извори“...

Поврзани написи
Останато

Безбедноста пред сè: ФПСМ со едукативни предавања за планинарење во зимски услови низ Македонија

Федерацијата на планинарски спортови на Македонија (ФПСМ), преку својот Центар за стручно...

Останато

Одржано Националното првенство во крос-кантри 2026 во Скопје

Изминатиот викенд, на кејот на реката Вардар во Скопје, се одржа Националното...

Останато

Македонија домаќин на два квалификациски турнири за ЕП 2027 во одбојка

Одбојкарската федерација на Македонија ќе биде домаќин на два квалификациски турнири за...

Останато

Наковски Волеј со кам-бек го задржа статусот на непоразен тим во Првата лига жени

Екипата на Наковски Волеј останува единствената непоразена по четири кола во новата...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!