РепрезентацијаФудбалска репрезентација

Репрезентацијата на Македонија У15 славеше со минимална победа над Косово со гол на Јанчевски

Сподели
ФОТО: ФФМ
Сподели

Македонската фудбалска репрезентација до 15 години забележа минимална, но заслужена победа од 1:0 против Косово на контролниот натпревар одигран во Приштина.

Херој на триумфот беше Јован Јанчевски кој во 15. минута ја затресе мрежата на домаќините по одлична асистенција на Стојановски.

Македонија до 15 години: 1. Марио Стојковски, 2. Хамза Зубери (59’ Амар Незири), 3. Ејман Емини (83’ Јоан Ѓорѓиевски), 4. Давор Танески (63’ Дин Баталоски), 5. Дин Рожајац (73’ Ариан Исаку), 6. Калин Аврамовски, 7. Стефан Стојановски (83’ Филип Богоевски), 8. Васко Трајков (73’ Павел Димоски), 9. Јован Јанчевски (59’ Фисник Амити), 10. Борис Матески (59’ Доротеј Христов), 11. Виган Таири (59’ Драган Петков); селектор: Горан Станковски.

Косово до 15 години: 1. Енгјел Бејтулаху, 2. Ринор Дурмиши (77’ Мал Красниќи), 3. Бленди Малиќи, 4. Лендрит Кодра (64’ Јон Пирева), 5. Енсар Реџепи, 6. Тринт Феризи (62’ Арт Ризани), 7. Гент Становци (62’ Дијели Муниши), 8. Едмонд Арлтати, 9. Ендри Авдиметај, 10. Бленард Морина (45’ Орик Абази), 11. Месуд Зимерии (26’ Дион Тупела)

Избраниците на селекторот Горан Станковски имаа уште неколку одлични шанси да дојдат и до повисок триумф. Во првиот дел Таири и Аврамовски не реализираа изгледни можности, а во вториот дел Стојановски имаше стопроцентна шанса по соло акција, но домашниот голман спречи нов гол. Своите обиди ги имаа и Алију, Христов и Петков, но не успеаја да погодат.

И покрај тоа, младите македонски надежи ја контролираа играта и ја запишаа првата победа во двомечот со Косово.

Реваншот ќе се одигра утре во 13:00 часот, на тренинг центарот „Петар Милошевски“ во Скопје.

Сподели
Напишано од
Виолета Јанчева -

Виолета Јанчева е поранешна фудбалерка која настапувала за неколку екипи од Првата македонска женска фудбалска лига. Одлично го познава македонскиот фудбал, но генерално и македонскиот спорт.

Не пропуштајте

РепрезентацијаФудбалска репрезентација

Капинковски: Подготвени сме за натпреварот против Швајцарија

Репрезентацијата до 19 години на стартот од турнирот што се одржува во Македонија освои бод откако во првото коло играше без голови во...

РепрезентацијаФудбалска репрезентација

Репрезентацијата на Македонија до 21 година поразена во Нови Сад од Србија

Младата репрезентација на Македонија до 21 година претрпе пораз од Србија, 2:0 во пријателскиот натпревар одигран во Нови Сад. Избраниците на Александар Таневски...

Поврзани написи
РепрезентацијаФудбалска репрезентација

Капинковски: Подготвени сме за натпреварот против Швајцарија

Репрезентацијата до 19 години на стартот од турнирот што се одржува во...

РепрезентацијаФудбалска репрезентација

Репрезентацијата на Македонија до 21 година поразена во Нови Сад од Србија

Младата репрезентација на Македонија до 21 година претрпе пораз од Србија, 2:0...

Кошаркарска репрезентацијаРепрезентација

Македонија со одлично второ полувреме, но Романија славеше во Букурешт

Женската сениорска репрезентација на Македонија со пораз го започна настапот во претквалификациите...

РепрезентацијаФудбалска репрезентација

Ѓорѓиевски: Верувам дека Македонија може до позитивен резултат

А репрезентацијата на Македонија продолжува со подготовките за последните два натпревари од...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!