ФудбалЧетврта лига

ФОТО: Теарце со убедлива победа, Јехона и Лирија до сигурни победи, искусниот Изаир Емини со погодок!

Сподели
ФОТО: Спортска Мрежа | Буран Муслиу
Сподели

Изминатиот викенд се одиграа натпреварите од 2. коло во Општинската фудбалска лига во Тетово или Четврта лига по ранг на натпреварување.

Втората рунда донесе погодоци на сите натпревари, најмалку или само еден имаше на мечот меѓу Палатица и Велазерими од Слатино, а човек на одлука беше Самир Џељадини во 65. минута.

Палатица е дебитант во ОФЛ Тетово, за првпат се натпреварува во првенството.

ФОТО: Спортска Мрежа | Буран Муслиу

Руфеја на домашен терен доживеа пораз од тимот на Шари со резултат од 1:3, а благодарние на двата гола на Кјутим Мустафи и голот на Изаир Емини, за домашниот тим во 56. минута погоди Земри Јашари.

Хајдук Вратница немаше сили за тимот на Лирија од Желино откако загуби со 2:4. За домашниот тим во првиот дел погодија Васе Ристовски и Крсте Крстовски, а за гостинот стрелаа Газменд Мисми во првиот дел двапати, а во вториот дел погодија Афет Афети и Дритон Зеадини.

ФОТО: Спортска Мрежа | Буран Муслиу

Цетинска благодарние на двата гола на Лорик Љика славеше со 1:2 над Пирок. За домашниот тим погоди Ерион Абази.

Јехона со 2:0 славеше против Дарданиа, а домашниот тим мечот го доби во финишот откако во 76. минута Албин Љимани постигна гол за отварање на резултатот, а во 85. минута искусниот Изаир Емини ги постави конечните 2:0.

Емини се врати од фудбалска пензија, ги облече копачките и му се врати на фудбалот.

ФОТО: Спортска Мрежа | Буран Муслиу

Теарце славеше убедлива победа од 5:1 над Беса од Челопек на домашен терен. Победата беше најавена уште во првиот дел кога домаќинот имаше 3:1.

За Теарце двоен стрелец беше Ерен Фејзула, а по еден гол постигнаа Анди Заити, Антонио Јовановски и Бојан Костадиновски. За гостинот од Челопек единствен стрелец беше Недим Мазлами.

Поз. Клуб ОН Поб Н Пор ПОС ПРИ ГР БОД
1 ФК ЦЕТИНСКА ➖ 2 2 0 0 11 1 +10 6
2 ФК ТЕАРЦА-97 ➖ 2 2 0 0 8 1 +7 6
3 ФК ВЕЛАЗЕРИМИ с.Слатино ➖ 2 2 0 0 4 0 +4 6
4 ФК ШАРРИ 1979 ➖ 2 2 0 0 6 2 +4 6
5 ФК Јехона 96 ➖ 2 1 0 1 3 3 0 3
6 ФК ЛИРИЈА с.Желино ➖ 2 1 0 1 5 5 0 3
7 ФК ДАРДАНИА 99 ➖ 2 1 0 1 2 3 -1 3
8 ФК БЕСА с.Челопек ➖ 2 1 0 1 4 6 -2 3
9 ФК ФЦП Палатица ➖ 2 0 0 2 1 3 -2 0
10 ЗФК ПИРОК ➖ 2 0 0 2 1 5 -4 0
11 ФК РУФЕЈА 93 ➖ 2 0 0 2 1 6 -5 0
12 ФК Хајдук Вратница ➖ 2 0 0 2 2 13 -11 0
Сподели

Не пропуштајте

Кошарка

Ираклис пресилен за МЗТ Скопје – македонскиот шампион го запиша шестиот пораз во ФИБА Еврокупот!

Македонскиот кошаркарски шампион МЗТ Скопје Аеродром продолжува без победа во ФИБА Еврокупот, откако на гостувањето во Солун претрпе убедлив пораз од грчки Ираклис...

Кошарка

ТФТ го затвори шестото коло со драма, четири екипи се израмнија зад МЗТ

ТФТ го совлада МКК Куманово со 89:87 во Скопје и го комплетираше шестото коло во МТЕЛ Суперлигата. Сила ги погоди двете решавачки слободни...

Поврзани написи
Втора лигаФудбал

Две кола до зимската пауза, пет екипи под притисок — кој може да се оддалечи од опасната зона?

Репрезентативната пауза ја затекнува борбата за опстанок во Втората лига со четири...

КупФудбал

КУП: Тиверија Брера преку Истатов во полуфиналето, Ана Димитровска со четири гола го потона Кочани, домашни победи за Пелистер и Љуботен

Без изненадувања во Купот на Македонија во женска конкуренција, фаворитите лесно обезбедија...

РакометФудбал

(ФОТО) Ајдуци реагираат: Вчера Астраион, денес Тиверија, струмичка спортска мизерија

Навивачката група „Ајдуци“ од Струмица, на натпреварот од 6. коло на кошаркарската...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!