Шестото коло во Првата женска фудбалска лига донесе интересни натпревари, а кои направија и некои промени на табелата.
Само еден меч заврши без победник, тој во Битола каде Топ Гол и Вардар ремизираа (0:0) со што дебитантот на своето конто додаден бод време како планина во битката за опстанок во елитата.
Младата и талентираната Теона Галабовска сама ја реши Каменица Саса и обезбеди три бодови за Тиверија Брера, откако со два погодоци обезбеди победа за својот тим над „рударките“ од 2:1.
Првиот гол 17-годишната Галабовска го постигна од една во 11. минута, а пак вториот во 28. минута од белата точка. Саса намали преку Туане До Соуза Фрагосо во 41. минута, а во вториот дел гостинот немаше сили за пресврт, а пак Тиверија Брера со одличен меч ја сочува предност и освои три големи бодови.
Струмичкиот прволигаш оваа сезона се потпира на неколку искусни фудбалерки и на млади и талентирани фудбалерки од своите погони, а тоа се покажува како успешен рецепт, додека пак Каменица Саса која најавуваше атак на титулата има лош старт во новата сезона.
Рабија Дервиши во 81. минута обезбеди три бода за Скопје, кој славеше со минимални 1:0 над Ас Јунајтед во дербито кое се играше во Пржино.
Дервиши беше прецизна од белата точка, откако Вјолца Изеири досуди пенал за домашниот тим.
Шампионот Љуботен воопшто не виде мака и со убедливи 1:5 славеше голема победа над Речица. Настасја Накова и Бразилката Евелин Амабиле Шварц погодија за 0:2 на полувреме.
Во вториот дел интернационалката од Нигерија, Мариан Огочукву Охадиве беше двоен стрелец, а петтиот гол за Љуботен го постигна Јапонката Ајури Тераваки. Во 61. минута од мечот Емили Митковска постигна гол за домашниот тим.
Истатов како експрес воз помина низ Кочани и со убедливи 0:8 го декласираше Кочани кој беше инфериорен противник да парира на фаворитот.
Елма Шемсовиќ во 6. минута го отвори резултатот за водство на гостинот од 0:1, а потоа Кристина Петрушевска со гол од пенал зголеми на 0:2 во 31. минута, а веднаш по една минута игра Радица Чонева постигна гол за водство од 0:3 на полувреме.
Во вториот дел младата голманка Христина Гоговска дури пет пати капитулираше на својот гол. Голеадата ја продолжи Шемсовиќ со гол во 48. минута, потоа со два брзи гола во 56. и 58. минута Кристина Петрушевска дојде до хет-трик на мечот, а пак до крајот по еден гол постигнаа Уна Јосевска и Ема Нановска.
| Поз. | Клуб | ОН | Поб | Н | Пор | ПОС | ПРИ | ГР | БОД |
|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
| 1 | ЖФК ЉУБОТЕН | 6 | 6 | 0 | 0 | 30 | 2 | +28 | 18 |
| 2 | ЖФК СКОПЈЕ 2014 | 6 | 5 | 0 | 1 | 15 | 5 | +10 | 15 |
| 3 | ФК АСС УНИТЕД/ЖФК | 6 | 4 | 1 | 1 | 20 | 3 | +17 | 13 |
| 4 | ЖФК ТИВЕРИЈА БРЕРА АД | 6 | 4 | 0 | 2 | 12 | 8 | +4 | 12 |
| 5 | ЖФК СЦ ИСТАТОВ 2015 Скопје | 6 | 3 | 0 | 3 | 22 | 11 | +11 | 9 |
| 6 | ЖФК КАМЕНИЦА САСА | 6 | 3 | 0 | 3 | 14 | 7 | +7 | 9 |
| 7 | ФК ТОП ГОЛ/ЖФК | 6 | 1 | 1 | 4 | 6 | 10 | -4 | 4 |
| 8 | ЖФК Вардар 2023 | 6 | 1 | 1 | 4 | 1 | 35 | -34 | 4 |
| 9 | ЖФК РЕЧИЦА | 6 | 1 | 0 | 5 | 9 | 23 | -14 | 3 |
| 10 | ЖФК КОЧАНИ | 6 | 0 | 1 | 5 | 3 | 28 | -25 | 1 |